Изгледа јас сум меѓу последните кои сега прв пат ја гледат серијата
Само што ја изгледав првата сезона, крајот богами и ме изненади, некако ни нудеа повеќе можни убијци, но очигледно ниту еден не беше доволно уверлив дека може да биде. Уште на почетокот од сезоната, мене професорот Бенет ми беше сомнителен, и сигурен бев дека тој ќе испадне, али пак од друга страна имав сомнежи дека толку рано убиецот нема шанси да се открие кога се сомневаа на него. Тој дечкото што и беше на Роси, Џаспер мислам беше исто ми беше непотребен лик, целата таа ситуација ми беше ептен клише и предвидлива до немај каде.
Е сега околу Ричмонд - последните епизоди малку повеќе откривање, на крајот се шокирав со откритието дека всушност Холдер ги лажирал снимките, што се уште не ми е јасно која е причината, и ужасно ме интересира кој беше со него во колата, првен мислев дека е оваа љубовницата на Ричмонд плавата но потоа ја дадоа нејзе во друга сцена и ја елиминирав сега не знам кој би можел да биде.
Некако ситуациите со семејството на Роси ми се најглупави, не знам зошто ама ептен ме иритираше ликот на Мич, мајка и, ајде татко и до некаде интересно беше сите тиа расплети, но Мич, посебно кога беше готова да се самоубие во кадата, па јебига како да нема други деца за кои треба да се гриже, а на почетокот изгледаше тотално незаинтересирано за тоа каде е ќерка и пред да ја најдат, bullshit ми беше сето тоа.
Очекувам уште поодлична втора сезона, ми се допаѓа тоа што ќе ме држат во неизвесност кој е убиецот. А да и не знам зошто секоја серија ја споредувам со Bron па изгледа ќе треба да ги намалам очекувањата за серии слични на неа, бидејќи откако ја изгледав таа сите други ми изгледат послаби напсрема неа, и се ми е веќе видено, но ете The Killing успеа да ми го задржи вниманието и да ме забавува, втора сезона веќе е при крај со симнување.