The Killing

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
8/10
Не е просечна ама не е и којзнае што.
Можеби малку повеќе испреплетена од тоа што треба. Ми се допадна склопот на двете дејствија (убиството и изборите). Holder допринесе доста за мене во серијата. Да не беше он не знам како ќе успеев да ја истрпам неубавата црвена мисирка. Па уште децата во првите неколку епизоди "that hot chick" :facepalm:
Познат сум по фаќање забелешки за најмали работи, и морам да кажам дека ептен ме нервираше начинот на кој одеше Линден, со тоа рачињата глупи... нема везе :D

Она што ми се допадна и што го забележав беа неисфорсираните работи, дијалози, немаше нелогични однесувања на некои ликови како што има во некои други серии дури и во оние подобрите. Едноставно ниту за момент не помислуваш дека е серија.
Also
that stupid bitch cunt fucking whore, ја бутна колата за тој да остане со нејзе? и не ни остана :facepalm:

Ова е квалитетна серија, просечните серии се серии кои се гледаат онака што се вика, колку да ти помине време, оваа те внесува во неа, и те тера да бидеше нестрплив за да ја изгледаш следната епизода, тоа просечни серии не го прават, нити серии кои не се кознае што, него само квалитетни.

Атмосфера погодена, ептен погодена.

Камера маестрална.

Глума добра, доста добра.

Сценарио одлично.

Ликови добри, поготово фамилијата на Роузи, за Холдер зборови не треба да се трошат, огромен талент.

Поврзување со гледач, одлично доловено.

Мајндфакот на крај и заплетот во текот на цела серија одлично замислени и реализирани.

Тензични епизоди.

Ненормално добро финале.

Ова се све одлики на квалитетна серија, во која до последен момент никој не погоди на форумов кој бил убиецот, иако имаше добра најава за тоа (in your face) сепак никој тоа не го примети, тоа значи нешто...значи дека сценаристите си ја завршиле одлично работата, и на крај направија сетоа тоа да не изгледа како клише него како огромен шок момент, како за гледачот така и за самите ликови кои го прикажаа тоа во серијата со својата глума.

Исто така неверојатно битен и момент кој сите не трогна беше филмот на Роузи и нејзиното уфрлање во последната епизода, момент кој ме наежи и разнежни скорз на скроз....поготво моментот со пеперутките, кои прикажаа една неверојатна симболика во текот на целата серија како и самиот крај, конечно слободна во реалниот свет, безгрижна и весела, за на крај тоа да биде една сосема друга паралела која наместо радост ни донесе еден од најтрогателните моменти во последниве години кога се работи за филмска уметност.

Друго, неубавата црвена мисирка? како пациентите на подфорумот тенис ми делуваш, ја хејтаат Скијавоне дека била грда, не гледаат каков спортист е, битно било да има цикца и да биде згодна :facepalm: :D


Од кога тоа да се биде хот е моралност за одредна актерка да биде добра во одредено шоу? немој како 15 годинишните тинејџери и ти :D

Серијата беше топ немојте да мрчите :cool:
 
па да глумеше нешо посебно ќе и простев, просек беше.
таква црвена неубава мисирка треба да изглуми ептен добро за да пројде кај мене :D
 
Ја има изгледано некој данската верзија? Има преводи?
Реков нема да започнувам нови серии, ама...
 
Топла препорака до сите кои ја сакаа американската верзија, да го гледаат и данскиот оригинал. Многу по различна приказна и некако поинтересантна е. Стигнав до 16 епизода од првата сезона за мене е одлична.
 
Ај прашајте го Io таму некаде околу осма епизода од прва сезона што му реков кој мислам дека е убиецот? :D

Јас искрено навивав да се укине, не ми влегува во глава да стои "The Killing" врз некоја друга слика.

the_killing.jpg
 
Ја почнав. Добра е, интересна е, на 5 епизода сум.Сега за сега градоначалникот и ликовите околу него ми се некако одвише и настрана од приказната и искрено сцените со нив ми се досадни.Понатаму можеби ќе се смени тоа.
 
Ја почнав. Добра е, интересна е, на 5 епизода сум.Сега за сега градоначалникот и ликовите околу него ми се некако одвише и настрана од приказната и искрено сцените со нив ми се досадни.Понатаму можеби ќе се смени тоа.
Ќе се смени брзо :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom