The Flash

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
ако Савитар е креиран обидувајќи се да го поразат Савитар, како е креиран Савитар на прво место?
Time travel paradox :LOL: Секогаш е заебано ова во филмовите. Не ми е јасно ова секогаш со враќањето на некој од иднината во минатото на самиот себе?! o_O Дали тоа значи дека постојат само 2 инстанци од истиот субјект, иден и минат, а секој за себе си живее во сегашноста? :cautious: Ако е онака лесно патувањето во времето, што не се врати и тој Бери од 2024-та да се здружат со “нашиов“ Бери па да го тепаат Бери од иднината? I mean, wtf?! :lut:
Савитар кажа дека мора да ја убие Ирис за фактички да се создаде самиот себе, со тоа убивајќи секакво добро во Бери, кој од омраза и тага во иднина треба да стане Савитар...така нешто. Нели иднината зависи од одлуките и постапките кои ги превземаме вчера, утре и денес и не е цврсто запишана? Како тоа сега, некоја моја можна иднина од безброј потенцијални, се “враќа“ назад, кај мене, да издејствува свое постоење, од морето можности??? Бери треба сам да си ја убие Ирис и да си стане Савитар, ако сака нормално :LOL:, нема логика некој друг да донесува одлуки во своја корист, а е од иднината, за да осигура во кој правец ќе тргне сегашноста. Што пак не враќа на почетокот од текстов...time travel paradox :LOL:
 
Конечно епизода каде што Бери не успева да победи, финалето наредната недела треба да е ептен јако. :cuc:
 
прочитав една интересна теорија, каде Ајрис е жива, а на местото на Ајрис е уствари HR, со помош на технологијата која што може да трансформира, претходно, Бери ја користеше за да ја стане Лајла. Има смсла затоа што и HR како да се збогуваше со Сиско, и во оргиналната верзија кaде што умира Ајрис, HR беше на кровот со пушка, а не Џо. Додека Флеш и Савитар се бркаа со тоа базуката, Џеси Квик ги заменува Ајрис со HR.
останува да видиме во финалето..
 
прочитав една интересна теорија, каде Ајрис е жива, а на местото на Ајрис е уствари HR, со помош на технологијата која што може да трансформира, претходно, Бери ја користеше за да ја стане Лајла. Има смсла затоа што и HR како да се збогуваше со Сиско, и во оргиналната верзија кaде што умира Ајрис, HR беше на кровот со пушка, а не Џо. Додека Флеш и Савитар се бркаа со тоа базуката, Џеси Квик ги заменува Ајрис со HR.
останува да видиме во финалето..
И јас на тоа помислив,и со сигурност не е тоа Ајрис(иако сакам да е убиена,ми се сере од неа)само немислам дека е HR туку Воли,знаеме дека може брзо да се регенерира од повреди..Останува да видиме.
 
Или е некоја Ајрис од некој друг универзум.
4chsmu1.gif
 
Финалето однапред беше 'кракнато' од теории како и да е интересно испадна :D
 
колку пати се расплакаа во една епизода???? па претеруваат..
 
Тапа крај, искрено воопшто не ми буди интерес што следува. Ај можда до октомври ќе се премислам, па ќе ѕирнам.
 
Да ви кажам искрено, претерувате со тупење, па имало плачење, па не знам што...а што требаше да прават? Оро да играат? Какви сте значи ништо не ви се погаѓа. Одличен крај на сезоната, одлична епизода, чекаме од септември што ќе смислат друго. Како и да е серијата го крена нивото во втората половина и секој што вика дека не е така зборува од инает. Има сосема солидни 8.1 на имдб и иако е далеку од перфектна серија, сепак го задржува вниманието.

П.С. Доста и ја погодија теоријата дека Х.Р. загина место Ирис па можда тука пропадна уште едно изненадување...али јбг како што кажав серијата е далеку од перфектна, има пропусти, забелешки ама далеку е подобра од други кои се даваат истовремено пример. (y)
 
Мислев Ајрис подосадна од минатата сезона не може да биде.
Одма го вратија Флеш, ама со Тим Кид Флеш ќе пропаднеше серијата. Па и Ајрис бос...:facepalm:
 
Не знам зошто толку ја форсираат Ирис, освен на Tumblr, никој не може да ја поднесе.

Од друга страна Килер Фрост. :love:
 
Ова беше најглупавата разврска на судење во историјата на судењата.

Б продукција филмови се со покреативен плот од ова. :pov:
 
Ова беше најглупавата разврска на судење во историјата на судењата.

Б продукција филмови се со покреативен плот од ова. :pov:

Ова беше најглупавото судење што го имам видено во филм воопшто.
 
Ова станува најдебилната серија со суперхерои.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom