7/10 за мене.
Ножот очекуван, иако мислев дека Левит ќе го направи тоа до пола филм, односно до сцената со лузната на Талиа.
Бејн, иако одлично одглумен од Том Харди, премногу сличен на Џокерот. Филозофијата на двајцата (земено и Ра Ал Гул, тројцата) беше куропецање околу целта (иако барем кај Џокерот имаше смисла тој стил), односно доволно долго одлагање за Бетмен да може да направи камбек во секој филм.
Но, тоа е негативноста кога целиш кон тотална реалност, освен пореметен терориста, немаш многу избор за bad guy и не смееш да користиш имагинација над реалните граници. Ова беше најдобро доловено во претпоследната сцена, кога Талиа го боде Бетмен и потоа, како сите Бонд негативци, почнува да држи говор доволно долго за Catwoman да се врати.
Од трејлерот мислев дека Бејн ќе биде no nonsense kind of guy, имам бомба, го имам Готам - чао пријатно. League of Shadows испаднаа најголеми идиоти во филмовиве, во првиот дел Ра вели пробале да го уништат Готам со економија, не успеале. После пробуваат со дроги, не успеваат. И на крај конечно, фала курцу, им текнува да земат нуклеарка - но аиде ќе почекаме 5 месеци за Бетмен да опорави, не е проблем.