The Dark Knight Rises

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
14 мртви... 50 повредени... какви будали постојат по светов.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Shooting spree TDKR ,некој бетмен изрешетал рандом луѓе во кино со шатган, нека им е лесна земја.
http://www.9news.com/video/9newsonline.aspx
ај ај ај ај.. аман бре кој е овој толку забеган! ахахах .. Бејн да не се вика?!

уствари не.. има машинка.. да не е случајно The Ventriloquist со Mr. Scarface?

 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
Ме занима дали филмот сега ќе направи огромни пари како што се случи со смртта на Хит пред премиерата или со масакров ќе отидат во минус ?
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Ме занима дали филмот сега ќе направи огромни пари како што се случи со смртта на Хит пред премиерата или со масакров ќе отидат во минус ?
Money knows no boundaries.... yet..... who knows?! :))))))))
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Ме занима дали филмот сега ќе направи огромни пари како што се случи со смртта на Хит пред премиерата или со масакров ќе отидат во минус ?
Наместо да го гледаат последниот филм на славен актер, луѓето сега ќе стравуваат да не бидат масакрирани во кино. Според мене ќе има негативен ефект. Можеби ќе направи стотици милиони ама сигурен сум дека без овој инцидент ќе направеше некој процент повеќе. Инаку овие многу влегле во филмот, имаме среќа што тука колку-толку посалам народ имаме со сите тие турски мафијашки серии, чика Куре и Тони Монтана.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Него знаеш онака сеа си мислам, налет парите и налет гледаност.. има нешо тука по сјебано, а тоа е приказнава шо Нолан преку Бетмен ја форсира (особено на последниов дел) и дешавката шо му се десила на типов во глава...

Не ме сфаќај погрешно, на крај памет не ми паѓа на задкулисни масонски срања, него сакам да кажам дека очигледно некој не е свесен и не може да се соочи со горчливата реалност, а која и тоа како Нолан преуспешно ја интерпретира во неговиве три Бетмен филма....

Равенството е многу еднсотавно... ако филмот е само филм - една илузија на платно, онда што е реалноста надвор од него? Оттука, филмот е оној што е горчливо реален, а реалноста што ја живееме е во суштина горчлива илузија...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Темава ќе ја затвориме на некое време, пошто гледам почнаа веќе да фрштат спојлери и по други теми.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Темата е отворена може да ја испојлерисаме слободно, пошто мислам дека имавме солидна временска предност да го ѕирнеме филмчево.



Па да почнеме. Како ви се допадна Бејн како негативец?
Дали приказната ви се виде задоволителна? Кои се недостатоците на филмот и побогу го очекуваше ли некој моментот со ножот во грб???:vozbud:

Јас сметам дека требаше да скалпираат некого од актериве, дали Фримен, Олдман и Кејн едноставно нечија глава мораше да летне. Некако многу се воздржал Нолан од суровоста иако на пример не се штедеше кога беше Џокерот главен негативец. А можеше да го обеси на пример Морган Фримен. :pos:

И иако со откривањето на Левит како Робин се отвора можност и за продолжение, јас мислам дека не треба да направат такво нешто. Едноставно доста беше, добро беше, толку беше. :)
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Па да почнеме. Како ви се допадна Бејн како негативец?
Дали приказната ви се виде задоволителна? Кои се недостатоците на филмот и побогу го очекуваше ли некој моментот со ножот во грб???:vozbud:

Јас сметам дека требаше да скалпираат некого од актериве, дали Фримен, Олдман и Кејн едноставно нечија глава мораше да летне. Некако многу се воздржал Нолан од суровоста иако на пример не се штедеше кога беше Џокерот главен негативец. А можеше да го обеси на пример Морган Фримен. :pos:

И иако со откривањето на Левит како Робин се отвора можност и за продолжение, јас мислам дека не треба да направат такво нешто. Едноставно доста беше, добро беше, толку беше. :)
Какво филмчиште!

Инаку за Бејн, сметам дека како што и Џокер-от беше полн погодок, Бејн го долови моментот на суровоста и надмоќноста која ја имаше над Бетмен. Полн погодог. Ножот.. и целиот крај беше едноставно, WTF?! .. и кога сме кај крајот, јас би бил крајно разочаран ако нема 4то продолжение.. мислам дека и Нолан тоа сакаше и да ни го долови, бидејќи фалеше Робин, а со четврто продолжение, би ги виделе сите 3ца во акција.

За мене не е доста, сакам уште! :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
7/10 за мене.

Ножот очекуван, иако мислев дека Левит ќе го направи тоа до пола филм, односно до сцената со лузната на Талиа.
Бејн, иако одлично одглумен од Том Харди, премногу сличен на Џокерот. Филозофијата на двајцата (земено и Ра Ал Гул, тројцата) беше куропецање околу целта (иако барем кај Џокерот имаше смисла тој стил), односно доволно долго одлагање за Бетмен да може да направи камбек во секој филм.

Но, тоа е негативноста кога целиш кон тотална реалност, освен пореметен терориста, немаш многу избор за bad guy и не смееш да користиш имагинација над реалните граници. Ова беше најдобро доловено во претпоследната сцена, кога Талиа го боде Бетмен и потоа, како сите Бонд негативци, почнува да држи говор доволно долго за Catwoman да се врати.

Од трејлерот мислев дека Бејн ќе биде no nonsense kind of guy, имам бомба, го имам Готам - чао пријатно. League of Shadows испаднаа најголеми идиоти во филмовиве, во првиот дел Ра вели пробале да го уништат Готам со економија, не успеале. После пробуваат со дроги, не успеваат. И на крај конечно, фала курцу, им текнува да земат нуклеарка - но аиде ќе почекаме 5 месеци за Бетмен да опорави, не е проблем.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Не знам дали е до мене, ама гласот на Бејн ме понекогаш деконцентрираше бидејќи ми звучеше како гласот на Леонард Нимој.


Што се однесува до Бејн како негативец да, одличен беше и според мене пострашен од Џокерот. Не подобар, ама пострашен. Том Харди исто одличен, се потрудил ептен во трансформацијата. Нолан очигледно знае да препознае талент, бидејќи тој е оној кој го стави Харди на мапата на Холивуд.

Ен Хатавеј ептен ми се допадна бидејќи и' даде тотално нова димензија на Жената мачка. Отпрвин ми изгледаше многу бледо како лик и како негативец, ама потоа се покажа дека тоа било со причина. Ептен добро од Нолан што направи таков twist и на крај им ги замени местата на Селина и Миранда.

Четврто продолжение нема да има, а и не треба да има. Со ова целосната приказна за Бетмен е заокружена. Претпоставувам дека воведувањето на Робин е само начин и тој да се спомне колку да бидат задоволени фановите на стриповите. Сепак, Холивуд не би бил Холивуд ако веќе не се планира reboot за 2016-та.

Од целата трилогија според мене вториот дел е најдобар. Не знам, можеби навистина требаше да падне жртва за крајот да не биде до толку хепи енд.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom