The Dark Knight Rises

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
wow... this is a new low, even for Alex Jones.

И нема потреба да го гледате видеото. Освен што ќе се изнагледате и изнаслушате глупости, ќе налетате и на спојлери. И не, ова leaked не значи дека излегла некаква 10-минутна снимка од филмот. Најверојатно значи дека на ретардот му тече мозокот.

In related news, was Tupac killed by Wall Street?
 
И нема потреба да го гледате видеото. Освен што ќе се изнагледате и изнаслушате глупости, ќе налетате и на спојлери.

Тоа дали има или нема потреба да се гледа си е твое мислење, ама сепак пожелно секој да го гледа и да си донесе сопствен заклучок. Затоа што од луѓе кои што мислат дека се попаметни од другите и своето мислење го претставуваат како општа вистина сме кај што сме како човештво.
 
Можеби е пожелно да се гледа, ама пожелно е и да се стави дека клипот содржи спојлери. Таков е под-форумот, каде една информација, или видео клип, може да ти заебе цел филм или серија.
 
I ja ke si ja gleam premierata na 20ti petok vo 00 i 30 vo Amerika taka da nemozam da docekamm..
 
А кај нас ког е премиерата?

Уште нема официјално известување, баш сеа проверив на сајтот на Кино Милениум...

Не можам да чекам више.. Више не знам кај да се обратам, више пукнав! :)))))))))

П.С. Еве малку да се „олабавиме“ пред филмот..

http://www.watertower-music.com/releases_spotlight.php?search=WTM39313
--- надополнето: 17 јули 2012 во 11:06 ---

Не дека нема добра анализа.. значи точно навлегува во суштината на симболиката на самите ликови.. но тотално погрешно ги интерпретира со она што се случува во светот, и она што Нолан сака да го каже...
 
Уште нема официјално известување, баш сеа проверив на сајтот на Кино Милениум...

Не можам да чекам више.. Више не знам кај да се обратам, више пукнав! :)))))))))

Ги глеав пак претходните 2 од Christopher Nolan, пред едно недела дена и сеа уште толку не можам да дочекам....што е најсмешно, Бетмен, пред Batman Begins, не го есапев за жив, поготово супер глупине филмови со Клуни и Килмер, ама ова е комплетно друга димензија...

Ќе беше многу јака комбинација да беа отворени кино-саливе во City Mall, па во IMAX стандард да се изгледа (или како и да се вика тоа чудо)...ама до септември нема шанси да се дочека....

Ставете какво било инфо за кино премиера Скопје...
 
Да бе мајката, забораив дека во новово City Mall ќе има Имакс.. хех.. изглеа нема да дочека..

а за филмоиве.. абе поинаков е пристапот на Нолан... Не знам дали се сеќаваш кога прв пат, 2004 -2005 се прошушка за нов Бетмен, се зборуваше дека како режисер ќе се појави Дарен Аронофски.. искрено не сакам ни да помислам каков би бил Бетмен тогаш...

Двата на Џоел Шумахер, кај што се појавува Робин, тоа е срање во боја. Единствено со Килмер некако се вади ликот на Бетмен, оти Килмер некако го глуми така шизофрено изгубен.

А на Тим Бартон,, па океј се.. јебеш Бартон има таков стил, надреален.. мислам сите филмови му се такви...
 
Овие Милениум па немаат и-мејл....
Ќе треба утре да каса да ги прашам ако знаат од кога ќе може да се нарачуваат карти..
 
а за филмоиве.. абе поинаков е пристапот на Нолан... Не знам дали се сеќаваш кога прв пат, 2004 -2005 се прошушка за нов Бетмен, се зборуваше дека како режисер ќе се појави Дарен Аронофски.. искрено не сакам ни да помислам каков би бил Бетмен тогаш...

Аронофски не знам...мислам дека не е режисер за филмови од овој тип...а Нолан - да кажеш дека филм со човек - лилјак е „реален“, може само тој да напраи такво нешто...сите претходни, вклучувајќи го и Burton си влегуваа во некое наивно американско клише и не објаснуваа практично ништо околу ликовите - последниве 2 (3) филма се сосема спротивни...и не само тоа, туку мислам дека ги тресна од земја сите претходни...
Мене лично многу ми праи кеиф изборот на глумците за ликовите: ветераните Michael Caine и Morgan Freeman, Bale, Liam Neeson и (ве читам погоре за Joker) - Heath Ledger кој ја затвори улогата на Joker за век и веков, за која мислам дека и на Jack Nickolson му идеше да си гризне од......после тоа што го направи дечкото...
За новиов....Bane, мислам дека е многу добар избор да биде Tom Hardy, ама стварно не ми е јасно како Catwoman ќе ја уклучат во приказнава и детено од 3rd rock...
 
Што викаат последниве информации после премиерава?
Грото од критичарите се воодушевени од филмот, а помал дел се најдоа кои нешто мрчат. Она што е смешно, е што фановите на невидено почнале да им праќаат смртни закани на уредниците кои пишувале лошо зашто го обезличувале филмот. Е тоа ти се фанови бре. Хард Кор. :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom