Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Добар ден пријатели, имам едно прашање.

Дали некој има информација дали може да се покачи или елиминира овој ******НЕОГРАНИЧЕН****** лимит од 300 гигабајти? Ако треба и ќе си доплатам. Мене воопшто не ми стасуваат и секој месец ги минам, па брзината паѓа на 80 кб/сек. Јас сум гејмер, игрите ми се по 30-40 гига, сакам да гледам филмови на 1080, стримови, 3Д филмови, плус што со семејството го делиме истиот лимит. 300 гига е веќе смешно. Нема услови за оптички интернет каде што живеам, така да изгледа немам решение. Ако некој знае спас нека сподели.

Благодарам.

Ако можеш, префрли се на Blizoo. И ако веќе се префрлаш, кажи им дека ради лимитот си одиш од кај нив, ќе ти понудат нешто :)
 
Ако можеш, префрли се на Blizoo. И ако веќе се префрлаш, кажи им дека ради лимитот си одиш од кај нив, ќе ти понудат нешто :)

Прво што направив е право кај Blizoo. Ми рекоа дека моето маало немало технички услови за оптички интернет и да им оставам број, ќе ми јавеле коа ќе има :) Многу се разочарав бидејќи Blizoo ме остави, и сега сум помеѓу Телекабел и овие. Телекабел се познати по нестабилност, али барем немаат лимит. Којзнае упм
 
Не мoрaш oптички. Јaс имaм 30 Mbps oд Blizoo без лимит, тaмaн си е :)
 
Добар ден пријатели, имам едно прашање.

Дали некој има информација дали може да се покачи или елиминира овој ******НЕОГРАНИЧЕН****** лимит од 300 гигабајти? Ако треба и ќе си доплатам. Мене воопшто не ми стасуваат и секој месец ги минам, па брзината паѓа на 80 кб/сек. Јас сум гејмер, игрите ми се по 30-40 гига, сакам да гледам филмови на 1080, стримови, 3Д филмови, плус што со семејството го делиме истиот лимит. 300 гига е веќе смешно. Нема услови за оптички интернет каде што живеам, така да изгледа немам решение. Ако некој знае спас нека сподели.

Благодарам.

И јас го барав истото барем 500GB да имам пред година дена и ми рекоа дека договорот кој го имам потпишано е потпишан со 300GB на месец и нема никаков основ за менување на истиот со или без доплата. Политиката што ја имаат они е таа и не можела да се менува. Ми препорачаа оптик но и јас како тебе кај што живеам нема оптик така да ништо.
 
Прво што направив е право кај Blizoo. Ми рекоа дека моето маало немало технички услови за оптички интернет и да им оставам број, ќе ми јавеле коа ќе има :) Многу се разочарав бидејќи Blizoo ме остави, и сега сум помеѓу Телекабел и овие. Телекабел се познати по нестабилност, али барем немаат лимит. Којзнае упм

Телекабел....лош избор само тоа ќе ти кажам....којзнае дали брзината и така ќе ја вадиш ако можеш оди на Близу
 
Телекабел....лош избор само тоа ќе ти кажам....којзнае дали брзината и така ќе ја вадиш ако можеш оди на Близу
Сум слушал и јас за Телекабел дека брзината е варијабилна, нестабилен е итн. Близоо бев, ми кажаа немале услови за никаков интернет во моето маало (а блиску живеам, катастрофа). За жал останувам на овие ботовите со НЕОГРАНИЧЕНИОТ******** лимит. Тиеам све
 
Телеком од денес има нова понуда на "пакети се во едно" наречени Magenta 1,многу слично со Vip Combo пакетите на Вип.
kGkKgAW.png
 
Телеком од денес има нова понуда на "пакети се во едно" наречени Magenta 1,многу слично со Vip Combo пакетите на Вип.

100 MB 4G интернет во 2015..... Го отклучуваш телефонот и толку од нетот :)
 
Ме интересира овие цени што се 2x 499, 2x799, 799 итн. што значат? Дека толку е цената на секоја опција поединечно и со комбинирање се добива целосната цена?
дали може да се избере само поединечно нешто од овие, поради тоа што пакетиве се ТИЊА
 
Toa 2x499 претпоставувам дека е за два постпејд броја со вклучен мобилен интернет. Веројатно може да се комбинира таков е концептот и на германскиот телеком.
Комбинираш постпејд броеви , фиксен и интернет , и МахTV. Значи не е нужно сите туку е можна разна комбинација .
Ако ова е дефинитивна цена тогаш вреди .
Во пакетот Магента М добиваш два постпејд броја со мобилен интернет од 3GB, интернет со брзина до 12 mbps , МахTV со вклучен Спорт+ пакет ( Арените 1-4 и SportClub 1-6 ) и Балкан пакет.

Може да се додаде плус постпејд број .
  • Можност за додавање до 3 дополнителни постпејд броеви. Дополнителните постпејд броеви се бираат од опциите S, M или L.
  • Можност за додавање до 2 дополнителни припејд броja.
  • Можност за купување мобилен уред по повластена цена во Доверба 24.

Во постпејд добиваш неограничени разговори кон сите мрежи , тоа е најголема измена . Исто и во фиксен .
Само во Магента S има ограничување на 100 мин кон други мрежи .
 
Последно уредено:
Се на се џабе, пак треба да се чекат роденден, нова година или нешто слично па да излезит некоја промотивна понуда да си земиш поефтина предплата без телефон или некој за 0 денари како би можел да му истајш 4-5к и да си купиш саглам телефон од мобилара.
 
Според мене ова е минимумот кој можат да си го дозволат . Само да не е само промотивно тие пречкртаните цени и да важат по одреден период.
 
Нешто позитивно е тоа што не видов никаде дека треба да се обврзеш на договор од 24 месеци?
Или пак за “промотивните“ цени ќе треба да се направи договор од само 24 месеци ?!

Има ли некој инфо околу ова...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom