Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
па рекоја дека од декември ќе започни понудата на пакети со оптички кабел т.е. многу поголем трансфер и брзини.... читај ====> http://www.telekom.mk/mk/news_record.asp?newsid=733 :helou:
Освен некои делови од Скопје,за другите(градови) сеуште е далеку оваа опција:toe:
Причина:па сеуште не почнале со инсталирање на FTTH,кое е првично наменето за згради...
 
Абе батина...

Сеа проверувам остварен собраќај и глеам сум потрошил над 17 ГБ.....а имам пакет од 10 ГБ..
Брзинава не е намалена ,и воопшто не заприметив дека сум го надминал лимитот (не ми ја намалиле) , пошто имав нешто торенти пуптено да се симнуваат ....и еве си одат со стандарна брзина...

Шо е финтава...

Од адсл се имат заборено да ми намалат брзина....или па ќе плаќам плус овај пат???

мислам дека се додека имаш постојан сообраќај одкако ке го поминеш лимитот а пред тоа не си го рестартирал модемот мислам дека брзината сеуште ќе биде онаа почетната.......... барем така сум чул
 
konekcijata se restartira na sekoi 12 saata.
Ako napravis rekonekt na 9-9.5 GB, ke imas uste 12 saata full brzina
 
Абе батина...

Сеа проверувам остварен собраќај и глеам сум потрошил над 17 ГБ.....а имам пакет од 10 ГБ..
Брзинава не е намалена ,и воопшто не заприметив дека сум го надминал лимитот (не ми ја намалиле) , пошто имав нешто торенти пуптено да се симнуваат ....и еве си одат со стандарна брзина...

Шо е финтава...

Од адсл се имат заборено да ми намалат брзина....или па ќе плаќам плус овај пат???
Не се секирај, и кај мене беше вака, јас имам пакет 25гб, а симнав 76гб. Дури завчера ми ја намалија брзината по 76 симнати гигабајти. Нема ништо да доплатуваме, тоа е нивна грешка, а ние не ги плаќаме нивните грешки:wink:
 
Изгледа од утре ќе има зголемување на пакетите...
 
Со оптиката би требало нови пакети да има, е сеа дали тие нови пакети ќе бидат само кај што има оптика ќе видиме утре.
 
Според некоја логика потребно е да има накачување и на постоечките пакети или пак ќе биде потребна миграција на новите пакети. Ќе видиме утре. =)
 
3 месеци попуст со Call & Surf пакетите!

27.11.2009
За сите нови корисници на Call & Surf пакетите, Македонски Телеком подготвби специјална понуда која вклучува попуст во износ од 600 денари во првите 3 месеци. Промотивно до 31.12.2009, следат и бесплатни меѓународни разговори кон фиксни мрежи во 10, односно 20 земји, само со пакетите Call & Surf Comfort и Call & Surf Comfort +. Понудата важи за договор на 18 месеци.
По истекот на првите 3 месеци корисниците продолжуваат да ја плаќаат редовната цена на месечниот надомест. Понудата важи само за корисниците што не се постоечки корисници на некој од пакетите кои содржат широкопојасен интернет пристап.
Повеќе информации за специјалната Call & Surf понуда на www.t-home.mk.
 
Мене ми рекоа дека ќе има многу новини,нови пакети зголемување на постоечките итн.Колку е сигурно незнам ви кажувам тоа што мене ми кажале.Ќе видиме утре
 
Абе луѓе да имаше некои новости до сега ќе не утепаа од реклами, не верувам дека од први декември ќе има некоја новина....Дајбоже, ама пак ќе речам НЕ ВЕРУВАМ ЈАС ВО ТОА.
 
Не може да отепаат од реклами ПРЕД да ја објават понудата бидејќи тоа не е паметно (да не речам дека е глупо). Прво се објавува понудата, па се рекламира истата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom