Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
како можам на мојот Speedport W 503V да му го сменам името или пасводрот на вифито?
 
Абе многу скапи пакетиве за користење на Телеком хотспотовиве за Wi-Fi?

Ај башка што пола не им работат, ама 99 ден. за 2 сати интернет , па не се нормални бе !

http://www.telekom.mk/hotspot/ceni.html
 
епа јебига немаш привилегии како претплатниците


Е немам :)) Тие си имаат вклучено во дел од претплатите. Башка и T имаат салам 3г. + WiFi хотспотови.

Па донекаде правила одлука на телеком (со тешко срце признато) што им овозможи бенефиција на своите корисници, наместо досега што се шлепавме сите.

Еве One корисниците си коритат од SunWireless, само ние од VIP останавме со таквото вуста...ни мрежа, ни интернет салам, ништо е**те :)
 
Доста негативни критики прочитав наназад низ страниците, ама сепак сакам да прашам конкретно, ако некој има во Аеродром (на оптика), како му иде интернетот и телевизијата? Дали навистина за сите важи тоа дека кинат р2р (торенти) после пладне?

Задоволен сум од Телекабел, и нетот им е океј во последно време, ама по некоја случајност плаќам и телефон 700 денари од кој не се зборат ни 2 минути месечно и излегува 1550, а за 1700 имам оптика средниот пакет...плус не ми се гледа ЛШ на стрим!
 

Што е смешно? Цената? Гигабитен нет добиваш, има некои кои имаат потреба веројатно.

Единствено што не им чини е лимитот на 700 гига. Да го направеле барем тера...
 
Минатот лето бев во Шведска и ваквиот интернет е 10 евра месечно, неограничен(не со фер користење, туку вози Мишко). Кај нас 100 евра :pos:

Во Америка па фиберот на Гугл е 20 долари за цела година :ROFLMAO:
 
Што е смешно? Цената? Гигабитен нет добиваш, има некои кои имаат потреба веројатно.

Единствено што не им чини е лимитот на 700 гига. Да го направеле барем тера...

договор на 4 години :pos: ја незнам што не допишеле една нула после 4ката !!!
 
:tapp:
За неограничен интернет сообраќај важи политика на фер користење која подразбира сообраќај од 700 GB месечно. Доколку месечниот сообраќај надмине 500 GB (download + upload), или во случај на злоупотреба, Македонски Телeком АД го задржува правото да ја ограничи брзината на пристап на ниво до 768 Кbps /768 Кbps (download/upload).

да заокружиме на 600 GB :facepalm:
 
3 Max Optic Giga
http://t-home.mk/mk/554/MaxTV_paketi/3_Max_Optic/3_Max_Optic_Giga.html
Месечно
5.399 ден.

Цената е со вклучен ДДВ и важи за договор на 4 година :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Не е смешно во споредба што добиваш, за домашна употреба имаш еден куп понуди. Јас со нив иам раскинато, бидејќи се скапи, си терам близо но интернетов што го нудат е чиста 10ка.
Мене ми е за чудење, ваков монструм во Македнија... браво за Телеком.
 
Ако добро пресметав, тоа се 128mb/sec :vozbud:


Download би достигнала максимум од 120мб, а upload може и максимална да иде.
A ако добро размислам, никогаш нема да ги достигнам максималните брзини, освен на некој торент со преку 1к сидери.
Ова земаш и го делиш со рутер за комшиите и пари си собираш :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom