Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Добро може ли некако да се контролира дали од друго место некој се логира со мој јузер?? Минатиот месец немав ништо симнато ниту гледано утакмици или филмови па имав потрошено 17 гига...Овој месец еве 4-ти е сега, се немам прибрано дома ниту нешто симнато и гледано, имам 2ипол гига потрошени...Или некој вирус да не е...Помош плс :)
 
Некој ти краде преку WIRELESS, провери си во рутерот кои клиенти сте закачени на безжичната мрежа.
 
Некој ти краде преку WIRELESS, провери си во рутерот кои клиенти сте закачени на безжичната мрежа.

Аха..тоа и ми текна прво на памет па го исклучив Wireless-от преку рутерот со оглед на тоа што не ми треба мене...Со исклучен wireless не би можел никој друг да се логира така?
 
Уффф...интернетов ми е катастрофа. Не брзината, туку незнам што се случува ама многу често не ми отвара некои страни кои веќе 4 години ми ги отвара како арсенал.ком, јаху мејл(??). Можно ли е да е до стар драјвер за мрежната(зошто го форматирав пред 3 дена) иако го апдејтирав завчера па пак не помогна тоа...Помош плс..
 
Си стаив премиум брзина, 2мб у секунд, магнифиснт!
само незнам дали оваа понуда важи и за оптичките пакети, пример оптик комфорт + ќе е ограничен на 5 мб а со премиум на 7-10 мб.
а од друга страна и се исплати, 200 ден. за астрономска брзина на овие простори.
 
Што треба да направам ако забележам дека некој ми краде од интернетот?Треба да пријавам во T-HOME или?
 
Не знам правно што можеш да направиш против тоа, ама сепак побезболно ќе биде ако си се заштитиш.
Т-Home пред некоја година почна секое корисничко име да го поврзува со одреден телефонски број. Значи комотно можам да си го кажам јузерот и лозинката овде на форум, и никој нема да може да се поврзе од негов број со мој јузер. Значи кражба од тој аспект не е можна.
Може да ти "крадат" преку wifi, ама не знам дали е кражба ако ти ја оставаш незаштитена мрежата.
 
Што треба да направам ако забележам дека некој ми краде од интернетот?Треба да пријавам во T-HOME или?

Треба да поднесеш кривична пријава во полиција!

Се зезам, сам си одговорен за тоа, ако не знаеш да се заштитиш со лозинка, ќе те утепаат од крадење. Т-Home и МВР не решаваат такви проблеми.
 
Уффф...интернетов ми е катастрофа. Не брзината, туку незнам што се случува ама многу често не ми отвара некои страни кои веќе 4 години ми ги отвара како арсенал.ком, јаху мејл(??). Можно ли е да е до стар драјвер за мрежната(зошто го форматирав пред 3 дена) иако го апдејтирав завчера па пак не помогна тоа...Помош плс..

Пробај од друг РС и/или јави им се на T-Home.
 
T-Home се многу скапи.Споредено со сите земји каде го има Т-Хоме во Македонија е најскап.Тој пакет што е за 1500 денари 30 мбпс со 60 гига трафик во Унгарија истиот пакет со брзина 60мбпс е истата цена.
 
Ако може некој да ми каже како да ставам лозинка на WIRELESS-от. И како да проверам дали некој ми краде? :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom