Точно е тоа, опшеството е отидено во неповрат, вредностите се отидени во неповрат. Отидени се од онаа страна на точката од која што има враќање. Единствен лек е внимателно бирање на луѓето кои те опкружуваат, и во однос на пријатели, и во однос на љубовна врска. Сеуште се наоѓаат нормални луѓе, иако не би сакал да звучам преоптимистички во врска со тоа. Баш со еден мој форумски пријател неодамна дискутиравме дека нормалните луѓе се врста во изумирање.
Чарето е тоа, живеење и затварање во мали кругови, каде што напливот на проститилук и глупост е сведен на минимум. Знам дека само што открив топла вода, но некогаш и наједноставните работи треба да бидат повторно кажани...
Верувам јас во добрината на луѓето и сметам дека има уште многу добрина на овој свет, но за жал моментално е пригушена и не може да излезе на површина. Исто како невин човек кога ќе заврши во затвор. Не се работи за мене искрено, се трудам да ги бирам луѓето околу мене, да се дружам со луѓе кои имаат позитивен дух, но мене поентата е што ми е криво и жал за целото општество како такво. Жал ми е за луѓето кои се повредувани, кои повредуваат, кои се убиваат и си вадат очи, жал ми е што наместо љубов и љубезност има остри погледи и зборови.
Не се работи овде за мојот живот и дали ме повредуваат, тоа е најмалку битно. Битно е што не владее хармонија, што владее цинизам и wannabe Хаус хумор.
И сакам да придонесам за општеството, затоа што не сакам да гледам толку болка околу мене и во светот. Премногу е. Не заслужуваат оние деца во Африка да умираат од глад, не заслужуваат невини луѓе да умираат во војни, додека остатокот од светот седат на својот дебел газ пред компјутери и се жалат дека имаат 7 часови утре или дека немаат Ајфон.
Пред некое време Светската здравствена организација ја прогласи љубовта за психичко заболување, со што љубовта влезе во иста група со коцкањето и алкохолизмот... Па добро, кажи ми, што ако јас како индивидуа сум опркужена со најдобрите луѓе (а мислам дека сум барем за пријателства), кога на светско ниво се случуваат погубни работи, кои полека ќе влезат во свеста на сите. Како да се поправи тоа?
Затоа и бракот нема да биде свет, затоа зборот брак нема да значи ништо, затоа што нема да се мажат/женат од љубов, стравувајќи дека ќе ги прогласат за nut jobs.
Па где то ја живим. Запрете го светот, сакам да се симнам.
П.С Знам дека сум оф-топик, ама се вратив на крај на муабетот за брак.