Teжината на зборот "брак"

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Бракот е налик на печурка, дали е добра или отровна ќе приметиш отпосле, ама е касно .:P
Да, де, демек со врзани очи го бираш партнерот, па откако ќе се земете тогаш ќе видиш што си земал. Добра аналогија ти е ова(y)
 
Ако сакаш децата да ти бидат нормални ќе склучиш брак во црква и матично,свадбата не е задолжителна,ако сакаш да ти бидат копиљаци тогаш живеј во див брак склучен меѓу двајца ненормални
 
Ако сакаш децата да ти бидат нормални ќе склучиш брак во црква и матично,свадбата не е задолжителна,ако сакаш да ти бидат копиљаци тогаш живеј во див брак склучен меѓу двајца ненормални

Може да ја избегнеме црквата, ете само матично.
Што мајка барам во црква.
 
Што значи среќен брак? — го запрашал Јанг Ли Учителот.
— тоа е кога на мажот му е пријатно дома , добро со жена му и тој не мечтае за слобода?
— Не, — одговорил Учителот,
среќен браке кога и на двајцата им е пријатно дома , добро им е заедно, но сепак да се слободни ...;)
 
Може да ја избегнеме црквата, ете само матично.
Што мајка барам во црква.

Бидејќи сум христијанин,православен,крстрен во црква и верувам во Господ,затоа што тогаш е вистински брак.
Само во матично брак склучуваат неверниците.
 
Мислиш дека свештениците во црква се верници?
Го виде клипот со лопатата?
Ќе се венчам и јас во црква, само поради тоа што ако не си венчан нема да ти ги крстат децата таму, инаку матично ти брка работа секаде, црквата ти е само за себе да си направиш отчет.
 
Бидејќи сум христијанин,православен,крстрен во црква и верувам во Господ,затоа што тогаш е вистински брак.
Само во матично брак склучуваат неверниците.

Јас сум неверник, па сепак не мислам дека децата нема да ми бидат добри. ;) Ти рече дека ти треба брак во црква... ако сакаш да имаш добри деца. :)
 
Бидејќи сум христијанин,православен,крстрен,венчан во црква и верувам во Господ,не значи дека децата ќе бидат добри или лоши.Тоа зависи од самите родители и домашното воспитување
 
Да, де, демек со врзани очи го бираш партнерот, па откако ќе се земете тогаш ќе видиш што си земал. Добра аналогија ти е ова(y)
гледам не се слагаш со горенаведеното

сигурно не бираш со врзани очи , но во вистинско светло ќе ја/го видиш тек после неколку месеци заеднички живот(брак)-тогаш ќе се симнат сите маски,но дали тогаш треба да сфатиш дали си го направил/а ил не вистинскиот избор?
 
Бидејќи сум христијанин,православен,крстрен во црква и верувам во Господ,затоа што тогаш е вистински брак.
Само во матично брак склучуваат неверниците.

Па добро... чим матично е само за неверниците што мајка бараше и таму да одиш... не ти беше доволно само венчавањето во црква.... а ааа..се сетив...бракот склучен во црква... е нешто ко со мачката и опашот...
 
koga zaedno ke izedete vreka sol ., e duri togash mozhe da kazhete dali brakot vi bil dobar ili losh., a toa crkva matichno .,.sekoj spored svoeto ubeduvanje:LOL:
 
Бракот искрено ме плаши. Тоа навидум небитно парче харија менува све ( па дури и карактерот). Ни малку не исто со некого да си заедно, да живееш заедно и се тоа истото ама во брак. И сеа одма тука толпа негатори али ствара притисок ( ја хартијата и потписот, ја фемили, средина, самите партнери, чуството на врзаност форевр енд евр, гушењето...). Али па од друга страна и све е индивидуално... Некои луѓе му приоѓаат на животот на скроз истиот начин како и кога не биле во брак (ама баш скроз). Па види постои варијанта и љубов без брак али тоа носи куп подоцнежни проблеми ( финансиски, материјални, здраствени во случај на " развод", смрт и остали немили дешавки.
 
Поимот брак - звучи убаво, но не секогаш е така.

Еве на пример јас имам 17 год. моите родители се разведоа кога имав 15, а претходно кавги безброј, едноставно не идеше.
Кога и официјално се разведоа јас бев скршен од болка еве и 2 и пол години после тоа јас секогаш кога ќе помислам на тоа што се случи срцево ми се кине.
Но тоа е тоа што може тука да се направи. И они ја јас си продолживме со животот, не викам дека беше лесно, но и тоа помина.
Јас на нив им кажав само едно нешто. Дека јас нивната грешка никогаш нема да ја направам, и секогаш ќе се трудам да бидам подобар.

И искрено се надевам дека во тоа ќе успеам.
 
Брак е почеток на секој развод, без брак нема развод...
 
Бракот за мене е светост. Буквално светост. Заедница во која хармонијата, љубовта, почитта треба да цветаат. Заедница која не е совршена и во која сопружниците се соочуваат со милион проблеми, но успеваат да го оддржат. Бракот е основа за создавање вредности кои ќе се пренесуваат на наредните генерации.

Но, денес се повеќе и повеќе губи од своето значење... За жал. Но, од друга страна, остана ли нешто свето на оваа планета? Остана ли нешто што не отиде у к.?

Не можам више. Гледам како општеството се распаѓа и не можам ништо да направам за да го сменам тоа.

Да се разбереме, немам ништо против оние кои не стапуваат во брак и кои не сакат да влезат во брак. Напротив, ги почитувам многу повеќе од оние кои влегуваат во брак само заради бебе или заради тоа што ќе рече комшијата. Тие се тие заради кои светоста на бракот веќе не постои.

Имам еднаш кажано. Или ќе ја најдам љубовта на мојот живот и ќе се омажам со него или никогаш нема да се омажам. За се можам да направам компромис, ама љубовта и светоста на бракот нема да ги компромитирам. И над се, сигурно нема да застанам пред Бога и да кажам дека ќе сакам некого до крајот на животот, ако тоа не е 100 посто вистина.

Има многу медиокритети во животот. Љубовта и бракот не смеат да бидат дел од тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom