B. Boop
Princ: Најозбилна...
- Член од
- 19 мај 2006
- Мислења
- 1.302
- Поени од реакции
- 263
Нема посебна филозофија за брак, ниту за формирање, ниту за опстојување. По мене едниствено треба да сакаш да го делиш животот со друг, од секој аспект. Да го чуваш од околината, себично и егоистично, без разлика дали се повеќе или помалку блиски луѓе. Да го чуваш и од себе, сопствените хирови и моментални желби и потреби кој може да бидат на штета на неговата иднина. Значи свесност за заедничкиот живот и се она што тој значи од двете страни, игнорирајќи ги при тоа сите околности кои не` окружуваат.Гледајќи наоколу себе како луѓето лесно посегнуваат по разводот, гледајќи како еден куп деца патат како резултат на кавгите на родителите, гледајќи ги несовесните родители и нивниот начин кои своите деца имам впечаток дека луѓето изгледа не ја сфаќаат тежината на зборот „брак„.
Очигледно не разбираат дека бракот е инситуција која е резултат на долготраен процес на работа, разбирање и доверба.
Она што ме интерсира е:
Кој е Вашиот став за начинот на кој младите луѓе го сфаќаат ова?
- која е според вас тежината на зборот „брак„?
- колкав процес на работа е потребен за да се формира таа инситуција?
Да, знам дека звучи многу идеално и теоретски издржано, ама некој ќе рече дека во пракса е неизводливо. За мене опстојувањето е толку едноставно сведено на желбата да сакаш да те биде заедно, ама за да биде мојот брак успешен и понатаму во иднина ваков став треба да негува и другата страна.