Струмичанката Електра(22) веќе три години настапува како професионална танчерка во голем број ноќни клубови и дискотеки ширум Македонија, Грција, Бугарија и Србија, а веќе има понуди за настапи и во Швајцарија, Германија, Шведска, Австралија и Нов Зеланд. Во нејзината програма негува секаков вид танц, од модерен до ориентален, стомачен, па се до пожежок, секси танц. Таа вели дека во ист локал и во ист град не сака да се задржува подолго време, а нејзините настапи, освен редовните гости, ги следеле и нејзини бројни обожаватели кои специјално за неа честопати доаѓале од разни места, па дури и од Бугарија и Грција. Меѓу нив имало и млади, и повозрасни и возрасни, па дури и девојки.
За реакциите на гостите на нејзините настапи Електра вели: "Реакцијата на гостите ја знам, а ерекцијата не ја знам. Тие секогаш очекуваат и бараат повеќе, но им остануваат само слатките желби". Електра е задоволна од заработувачката, со оглед на нашиот стандард. Вели, не сакала да оди надвор од татковината додека не постигне големи успеси и слава најпрво во Македонија.
Електра од неодамна се појави и на музичката сцена. На Евросонг ја испеа песната "Мачо мен" од Дарио Шереденков и ја освои наградата за дебитант.
Нејзиниот мачомен Дејан Киревски од Битола, во фестивалската гардероба предизвикал стресна ситуација кај повеќето учеснички на фестивалот, особено кај Јулија, која буквално го киднапирала и го однела кај својот фотограф за да направи цела фотосесија со младото симпатично момче.
Вест
Кога ќе можам ќе прикачам неколку други слики....