Италија многу добро знае да ја умртви играта и да не дозволи приближување кон голот така лесно - чисто сумњам дека Прандели ќе излези со тројца во одбрана како на првиот натпревар,значи нема да има простор за маневри во нападот на Шпанија,ами само кружење околу кое шпанците го прават неуморно и до бескрај,арно ама се безопасни кон голот од далечина........Торес одново изоставен,значи немаат гол машина и на овој натпревар
Италија сумњам дека може да доминира на овој натпревар мада Маркизио,Де Роси и Монтоливо знаат да вршат одличен притисок во противничка половина - сега најверојатно ќе бидат нешто поповлечени,финале е влогот е голем
конечен резултат 0-0 по мое никој нема да се осуди да остави дупки назад и да полета нанапред
--- надополнето: 1 јули 2012 во 18:17 ---
ако падне првите 20тина минути гол ќе се изнагледаме убаво финале,ако не 0-2 гола за сигурна добивка(80% шанса)