Казнс е лимитиран во главата, исто и Фарид. Во НБА играат ради атлетицизмот и тоа што има дефанзивни три секнди па во НБА се игра побрза игра и со повеќе атракција. Во Европа Казнс ќе носи вода на Бурусис, Крстиќ и останатите такви центри кои од кошаркарски аспект ја имаат измислено кошарката за него. Фарид е нешто слично, само тој доста подобро го користи атлетицизмот и е генерално подобар играч од Казнс. И за него се сомневам дека би се снашол во Европа, али пак ќе кажам секако би бил подобар од Казнс.
Човече како можеш да кажеш дека европската кошарка е ретардирана, немој молим те ќе ти се смее некој ако во живо му го кажеш ова. Ти можеби не сакаш да гледаш европска кошарка, океј, сосема исправно и коректно, ствар на вкусови е тоа, ама да кажеш дека е ретардирана треба да си тотално неук. Обрадовиќ, Ивковиќ, Панајотис Јанакис, Еторе Месина и уште еден куп ги има да не ги набројувам сега, се едноставно доктори по кошарка. Во Европа повеќе се сведува на тактика, а во НБА на атлетицизам. Јас следам и НБА и Евролига, затоа што ја сакам кошарката ко спорт, не ми е мене до одредени лиги дојдено, едноставно се пратам. Факт е дека одредени играчи што играат во НБА не би успеале во Европа, и обратно. Пример е Спанулис, не успеа во Хјустон, а во Европа е алфа и омега и еден од најдобрите играчи во последниве десетина години.
Затоа друг пат огради се од вакви неуки коментари, јас у глобала не сакам да генерализирам али тресеш глупости од епски размери и патем ги навредуваш (индиректно) 99% од членовите во овој подфорум. А не ти е прв пат да тресеш зелени, имаш и во темине за тенис, имаш и во темине за НБА...
И за крај еве да те прашам, зошто за тебе европската кошарка е ретардирана? Ајде ако толку многу ја знаеш кошарката објасни ми, а јас ќе прекинам да тренирам дечиња пошо поима немам, или пак ќе ги пикнам у теретана од 8 години па нека бидат ко Казнс сите.