ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34
Реално Шпанија денес изгуби затоа што ги потценија Французите. Реков на почетокот на првенството дека само Шпанија може да ги запре САД, никој друг!
Во тој дуел Шпанија ќе влезеше како аутсајдер, а како такви знаат да изиграат и те како подобро отколку кога се фаворити.
На Американците е битно да не им дадеш да доминираат под кошевите, а Шпанија и те како има играчи за да го направи тоа. Они денес беа надскокани затоа што како што реков ги потценија Французите. Гобер? Сигурно се прашувале who the fuck is Gobert...
А Америка освен Дејвис има смешници под кошот, Фарид само на сила иде, поима нема од кошарка, за Казнс да не правам уопште муабет... Не им одговара нив европскиот стил на кошарка, се губат ко цигани у Веро. Фарид има 1000 гоалтендинд ситуации на првенствово!
Шпанија загуби денес пошто беа срање, не заради Франција. И очекував таков дебакл од нив ако не сега сигурно у наредните два меча пошто се надзираше ко танга у бели панталони. Денеска има 2/20 за три, што заради одбраната на Франција што заради тоа што не знаеа што прават. Освен Пау никој друг не брилјираше на првенството кај нив, сите играа топло ладно бар колку шо ја ги глеав. Поразов не ми е никакво изненаѓење.
Америте си се амери. Шпанија и на ОИ демек требаше да ги тепа ама не го стори тоа. И тоа пази таа Шпанија тогаш играше десет пати подобро од оваа моментално. А кај САД не глеам десет пати полоша игра од тогаш. Да, во поглед на имиња можеби се 10 пати послаби ама пак без потење победуваат.
Марјан Стојановски се набилдал ко Хауард и планира да доминира ко него очигледно, иако не е ни тој незапирлив. Всушност Америте и не се некоја нерешлива загатка, напротив на добра одбрана може да трокираат, ама проблемот е што нема шанси никој цел меч да им издржи со таа одбрана. Едноставно спремни се ко коњи во спореба со останатите и тоа им е огромна предност, дури и ако имаат мањак на техника и IQ. Французиве малку ми наликуваат на Сан Антонио Спарс, али ипак и нив треба да им се поклопат многу коцки за успех против животињите.