Ако уште сте под импресии од Доктор Стрејнџ и желни за сличен вид на акција, тогаш да си го изгледате новиот анимиран филм на Warner Brothers Animation & DC Comics -
Justice League DARK.
Цртанов е нова франшиза и седма по ред инсталација во ДЦ Анимираниот Универзум, кој WB и DC го почнаа од 2014та. Плотот е врти околу решавањето на мистериозните убиства низ Светот, за кои што Џастис Лигата нема чаре, па сомнежот од магична позадина на овие настани, ќе го натера Бетмен да побара помош од
експертот
во таа област.
Иако цртанот има повеќе стајл, не го ли супстанца, малце некохерентен тек на приказната и пар WTF моменти .. ЏЛ ДАРК е еден од поквалитетните анимирани филмови на ДЦ во последно време и влегува во горната половина од ДЦ Анимираниот Универзум. Квалитетот на анимацијата го вади цртанов најмногу. Магичните трикови се врвно направени, посебно во битката со ‘’главниот’’

, и на моменти дебело потсеќаат и даваат омаж на Д-р Стрејнџ, што е само уште еден наклон за квалитетот на специјалните ефекти во тој филм. Сите што го имаат гледано Д-р Стрејнџ, од прва ќе препознаат. Цртанот иначе има Р-рејтинг, но премекано е реализиран истиот. Малце крипи воведни сцени, тука-таму некоја пцовка, и тоа е. Кога веќе се решиле да му залепат Р, тогаш требало и похрабро да го потпкрепат рејтингот и да удрат повеќе на морбидност, крвавост и језиви сцени. Така, Р-рејтингот го има, како да го нема.
Главни ликови во приказната се Константин и Затана, споредни Бетмен и Џејсон Блад.
-
Мет Рајан иако го обожавав како
Џон Констатин во серијата на NBC и бев среќен што го доби овој гиг, војс-воркот му беше така-така. Акцентот (мислам велшки) го има, имаше добро напишани досетки, но другото беше слабо изведено. Очито му недостасува искуство во војс-ворк глумата, што се осети најмногу во дијалозите, кои му беа некако бездушни и без емоција. Подобро му е да се држи до сериите. Плус, иако ова не е негова кривица, Константин не запали ниедна цигара во цртанот.


- Е, се’ ова што фалеше и беше минус кај Константин, беше врвно изведено кај
Затана
. Бест лик во цртанот!!
Камила Лудингтон (Лара Крофт од новите Tomb Raider видео игри) заврши петка работа. Динамиката во дијалозите, емоцијата во гласот од крајно ранливите, до крајно ексцентричните АЛА Феникс Форс моменти во кои се најде нејзината хероина, изразувањето на чувствата кон Константин, се’ беше перфектно сработено. Од стилски аспект само, ми фалеа мрежастите чорапи, цилиндарот на главата (го имаше само во интрото) и целокупно по магионичарско-циркускиот аутфит. Исто, многу глупо ми беше додека ги правеше магиите, оти поима немав што зборува. Бидејќи, додека другите фаци кога прават магии зборуваат џибериш ствари, Затана детално ја опишува магијата што сака да ја изведе, изговарајќи ја наопачки. Во стриповите тоа е убаво илустрирано и можеш да си ја прочиташ магијата по арапски (од десно, на лево), ама овде си скратен од можноста да ги разбереш магиите на Затана, а потсвесно знаеш дека не се хокус-покус глупости


. Ќе треба да ги титлуваат, или да измудрат некое друго решение за овој проблем во играниот филм..
-
Бетмен тука е во споредна улога. Непотребна споредна улога



. ЈЕР, Бетмен овде не прави буквално ништо и служи исклучиво како џоук-баунсер, за носење на хуморот низ сериозниот тон на приказната. Дауни Џуниор за сиротиња

. По нетот читам мешани мислења околу ова, но мене овој хумористичен Бетмен ми се допадна. Се шлепаше како висеча ламба со екипата, без никаква корист и допринос во акцијата, со типчни Бетмен-реакции за сите чуда шо се дешаваат околу него. Ништо подалеку од Џастис Лиг авантурите со неговата екипа


#jk
-
Џејсон Блад/Демонот Етриган имаше исто битна улога, помогна многу и беше тешкашот во групата. Џејсон е бессмртен тип, магично врзан со демонот Етриган, кој го активира изговарајќи лириски стихови и потоа на овој вториот цела комуникација му е во поетски стил лол

. Куул, нема шо, типично забеган стриповски лик, тоа е тоа..
- Други фаци кои се појавуваат се
Бостон Бренд/Дедмен - иако улогата му е over-the-top, добро го носеше хуморот, имаше интересен однос со Бетмен иии добра, да не речам клучна, демонстрација на моќите во повеќе ситуации.
Swamp Thing и
Black Orchid имаат ништо повеќе од глорифицирани камеа и цртанот можеше комотно да помине и без нив. Блек Оркид е јака фаца и очекував да има поголема улога, од хот-меџик-Алфред. А Swamp Thing беше крајно непотребен и немаше никаква смисла да биде дел од приказната и магичните заебанции. Исто, има и кратки појавувања на пар џастис лигери, како
Супс, Дајана и Џон Стјуарт.
Анимираните филмови на ДЦ низ годините служеа како тест-драјв за играните филмови. Штета што грото режисери беа стубови и не го превземаа она што беше пофалено и ценето во тие цртани. Се надевам дека Даг Лајман при подготовката на
играниот JL DARK, ќе биде попаметен од неговите предходници и ќе го исцица кајмакот од фид-бекот што го доби овој цртан: Затана и Константин главни протагонисти, на Бетмен да му удри сатарот (ништо повеќе од камео, ако веќе мора да го има), Етриган добар, Дедмен добар, Блек Оркид позастапена, Swamp Thing крајно непотребен и нелогичен во приказната (плус што ќе потсеќа на извесно друго големо, зелено, силно, со говорна мана суштество од МАРВЕЛ

). Ако веќе се насочува кон други магични фаци од ДЦ, тогаш обавезно да ги земе Мадам Занаду и Доктор Фејт, кои имаат ептен куул магични моќи и можат баш да го збогатат филмот. Исто, филмот може да се изведе и да успее со Р-рејтинг (ако му дозволат газдите на WB), со вметнување на морбидни сцени и црни магии. Кога можеше да успее еден Дедпул, во најава е маестрален Логан, тогаш зошто да не остават траг и ДЦ во Р-рејтед супер-хироу филмвите. Ако имаат муда и го поддржат режисерот, тогаш треба да се држат до тоа.
Иначе, заебан проблем си направија ДЦ, што веќе ја испукаа Енчантрес како негативец во СС. Колку му наштети тоа на самиот филм и која беше логиката позади тоа е една ствар за муабет и пцуење. Но, уште поголем потенцијален проблем може да му направи на ЏЛ ДАРК филмот, со оглед на тоа дека - Ако една глупа група на типци со пушки и плавуша со бејзбол палка, успеа да запре вештица со демонски и супернатурални моќи, згора на тоа ја имаш и основната Џастис Лига, тогаш за кој кур ќе ти се Константин, Затана и останатите фаци од ЏЛ ДАРК? За кои закани и негативци ќе бидат тие на повик?? Крајно непотребни?! Штета, бидејќи Енчантрес беше првиот голем негативец со кој се соочи ЏЛ ДАРК тимот во последниот нивен стрип и многу моќно ќе изгледаше тоа преточено на големото платно ..
ПС - Беше спомнат мислам во главната тема, но ќе потсетам и овде:
Лесна му земја и вечна слава на Мигел Ферер, кој неодамна почина. Една од последните улоги како војс-актер, му била позајмувањето на гласот на
Детстроук
, за наредниот анимиран филм што ќе излезе на пролет -
Teen Titans: Judas Contract. Цртанот ќе биде базиран на истоимениот стрип од 80тите (кој важи за една од најдобрите ТТ саги) и своевидно продолжение на ''Son of Batman'' и ''Justice League vs Teen Titans''.