Ок, прашав кој е првиот филм, нит кој е првиот филм со кинопроекција, нит која е првата кинопроекција, нит која е првата серија. Доволно беше да го исполнува условот - филм. Игран филм, како што ги викаа порано.
Тенки се границите помеѓу трите работи, и секој од горенаведениве ги исполнува условите да се нарече филм. Пред година-две, O.J.Made in America зеде Оскар (за Оскари се натпреваруваат само филмови, верувам знаеш), а истиот тој е всушност HBO серија од 4 епизоди и времетраење од околу 4 саати. Да го исполнува условот - филм, како што велиш, баш тоа треба (меѓу другото) - да има кино проекции и да е сниман со филмска камера.
Плус, твојот Spider-Man од 1977 е всушност првата епизода (пилотот) од серијата The Amazing Spider-Man од 1978. И него го сметаат за филм баш затоа што имал кино проекции. Touché!
Значи, пак:
Првиот Марвел филм е Captain America од 1944;
Првиот Марвел ТВ филм е Spider-Man од 1977;
Првиот Марвел филм за кој не е проблематично дали е ТВ филм или и серија/епизода истовремено е Howard the Duck од 1986;
Плус, има уште еден Spider-Man филм, од 1969, но тој е краток филм, и е снимен без одобрение на Марвел.
И уште еден плус - ни еден од овие 4 филма не е снимен од Марвел Студиос, туку од други компании кои (не)обезбедиле права.