ЏЛ е рано новогодишно паќетче и поклонче за ДЦ фановите

. За сите шо ги сакаат овие ликови и нивните приказни. Сите шо беа потиштени и разочарани од светлото и нарацијата во кои што ги видоа саканите херои. Надежните ликови прикажани мрачно, мрачните ликови малтене социопати. Сите шо гласно негодуваа на претходните филмови и како отпочна да се плете ова чудо. Е така се роди овој ЏЛ. Здив на свеж воздух и промена на арно за сите.
Бетфлек имаше баш на место лајн кога им рече во Беткејвот дека - Сите од нив тегнат багаж со себе, тешко се носат со него и реално ги влече назад. Сите се лоунерски чипувани, скриени во свој Свет, незадоволни од тоа што се, несигурни за тоа што треба да бидат во иднина. Сржта на филмот е во НАДЕЖТА и потребата од пријатели во животот - WW е верник во доброто, но се плаши од одговорност/ Флеш сака да ги исправи кривите дрини во неговиот живот, иако и самиот татко му вели да крене раце да продолжи со нормален живот/ Сајборг минува низ тешка транзиција, го криви татко му и целиот Свет за тоа шо му се дешава и се плаши од тоа што го чека на крајот од патот/ Аквамен нема Е од емаптија во него, без никакво чувство на припадност, како сириец на шатор, иако вришти од внатре за љубов и поткрепа/ Бетмен си тегне демони од смртта на Супермен и самиот себе се криви за тоа што се деси и тоа што допрва доаѓа/ А злото е секогаш најопасно кога не постои заедништво и стравот е длабоко всеан. Затоа е и убаво да се види тоа што филмот од една меланхолично ужалостена атмосфера на почетокот, прогресира кон се’ посветла приказна и завршува на убав хај ноут. А ги имаше многу такви мали и големи убави моменти кои што светкаа во филмот. Проблемите и лошите ствари на крај, да почнеме со убавото ..
СУПС - Супермен мене лично ми е least favorite од сите ДЦ херои (не само од Лигата). Отсекогаш сум бил ТимБетмен и тоа по аналогија ме става контра Супермен. НО, овде беше одличен. Насмеан и освежен. Од првата, до последна негова сцена јас бев: Yes! Yes! I like this Superman! Give me more of this Superman! Тоа е. После двете убитачни појави во претходните филмови, тука од моментот кога се појави, до последната негова сцена беше права посластица. Кога мене успеаа да ми придобијат со него, може да замислам кое е задоволството во Супермен фан кампот. Прејаки моменти имаше овде неговиот препороден лик и мислам дека го светнаа во секоја можна сцена. Немаше утка со него. Како омилен мора да го издвојам моментот кога Флеш се спремаше да го нападне и додека беше во спиид форс чарџ моуд се сепна кога примети дека Кларк го фаќа на радар и следи со погледот. Целата таа секвенца и изразот на лицето на Бери ми беа прајслес. Одма пред очи ми излезе Сара од ‘’Land before time’’ кога го задеваше успаваниот тирекс и потоа овој и отвори око. Јајкс, ист степен на крипинесс се осети и кај Бери во тој момент. #abortmission
Големо браво за Супермен, само така нека го тераат и понатаму. Морав од него да почнам ЈЕР најнепопален бев за него, а најпријатно ме изненади. Evil Superman: U won’t let me live, u won’t let me die! #chills
WW - Царица си е Гел, нема шо.



ЖенаМајкаКраљица. Ги издоминира двајцата у дваесе минути во БвС, соло филмот и’ испадна бонбона и беше медиумски најзастапен годинава заедно со Убавицата и Ѕверот, а овде си додаде уште еден блинг на круната. Таа оствари заокружен и прогресивен карактерен стори арк во овој тим-ам ансамбал, и тоа е за пофалба. Од тоа каде почна со стравот од одговороност, преку улогата на рекрут менаџер, моралните рчки со Бетс, помирувањето и превземањето став дека ДА од неа се очекува да биде сега и утре лидер на овој тим, па се’ до бегот од сенките и интеракцијата со децата на крај. Свесна дека е профи воин, но заебанциите од првата нејзина авантура ја кочеа дебело.
Where have u been all this time?! беше туу риал лајн од Брус. Немаше лоша намера Бетс кога подмукло ја пецна за Стив, сакајќи да ја отрезни од тој нејзин фанк и да и’ги отвори очите дека од неа очекува утре да ги предводи и да ги носи тешките одлуки на терен. Најискусна во комбат, со што воедно и и’ комплементираа преку фајт сцените во филмот - двете рунди со Степенвулф и спарингот со Супермен делеа и отскокнаа во однос на другите. И самиот филм и ликовите посотојано орбитираа околу неа. Тензичната привлечност со Бетс, регрутот на Сајборг, задоволството на нејзиното лице кога го виде на кровот во Готам, па и застанувањето во негова заштита кога Аквамен му се перчеше дека може да ги компромитира (ненамерно), додаваа само слој на слој кај нејзе овде. Односот Дајана - Сајборг и фреквенцијата на која се поврзаа беше супер. Издоминира, симпл ес дет. Плус Дајана беше многу понасмеана во ЏЛ него ли во претходниве и одма и’ даде свежина во ликот

. Му се насмевна Сајборг, на Брус, кога го спасуваа Бетмен од парадемоните, иронично со ВТФ израз и на Бери кога прв пат го виде каква лудача е исто. Петка. Браво љубави!! Како што Кептан Америка е шеф на Марвел, Дедпул шеф на Х-Мен, така и она убедливо е шефица и прв пик на ДЦ. Се надевам дека ќе ја гледаме уште во многу многу филмови понатаму.
Бетмен - Огромен свич има во карактерот на Бетс и односот што се обидува да го гради со тие околу него. Смртта на Супермен како малку да му беше, за сега благодарение на детективскиот му нос хр-хрррмм да укапира дека тоа уствари тек ќе го гризне и него, а и сите други за газот. У рок за две минути сфаќа дека се соочува со нешто далеку поголемо од него и надвор од неговата лига, со што почнува да бара помош и да пружа рака за партнерство и спас од невољата. Башка е тоа што ликот му е глава свртен и смртта на Супс му е ваљда конечен клинец на кофчегот, што почнува да го вози овој Бетмен од моменти на блијантна параноја со идејата да се воскресне Кларк, преку подмулкиот лоу блоу што со кој пецна Дајана, па се’ до просветлувањето дека ако треба со глава низ ѕид ќе оди и ќе загине денес, само за да не’ спаси нас, а и да си ја прочисти душата. Шлаг на тортата беше романтичната тензија што се ствараше кога Дајана му беше во близина, а згора на тоа и Алфред го ребраше за тоа хихихихи. Во цела оваа гужва, да му насанкаш и романса на Бетфлек - WHHAAAAAAAAAT. Башка па и’ имплицитно ја покани кај него дома, со изговор дека тука биче штабот на Лигата. Хахахахаха сники Бетмен, мајтап беше мање више цела негова претстава.


Шала на страна, шта речи освен дека никогаш немало смисла Бетс да се врти во авантурите на Лигата, али јбг.. У тоа му е и дражта ваљда. Јак момент беше кога се помирија со Дајана и оваа му вика
U know u can’t do this forever, a овој здробен и враќа
I can barely do it now. Па наравно! Глеј шо се’ се дешава околу тебе јеботе. Таа е таа Бетмен - Џастис Лиг динамика левел I am too old for this shit. Бонус – Првата Бетмен сцена на кровот, рефлекцијата од стаклото, гаргојл позата, битката со барабата и парадемонот по кровот - За то се живи. Фала ти Зек. Бонус2 - реакцијата кога го виде Супермен како им се придружува против лошиот, исти Крис Прет мемето.
Сајборг, Аквамен и Флеш како нови фаци ми се издвоија баш по тој редослед во филмот. Сајборг успеа да заокружи некаковси, кајнда, сорта, површна ‘’Човек vs Машина’’ арк во овој филм, иако плешеше на ивицата на безсмислено мамбо џамбо. Плус најјак презенс имаше на сцена од хероите, после ВВ и Бетмен. Многу пријатно се изненадив. Дебел Сајборг материјал се има отфрлено при едитот на филмот, поради што трпеше и самата нарација на приказната. Сајборг беше уствари и мекгафин, и клуч за победа.Тие шо го знаат од стриповите и цртаните, добро се запознаени и знаат што и како е муабетот, лошиот однос со татко му, пропаднатата рагби кариера, вонземската технологија во него, разбирањето на ‘’кутиите’’, манупулацијата со буум тубовите и сл. Овде го прикажаа како херој кој што никнал вчера и така пробаа да се извозат, иако убеден сум дека пола од публиката шо проба да го разбере уствари чешаше глава. Се плашев да не го прикажат како еднодимензионална сирова снага, на левел Хулк во МАРВЕЛ, но не испадна така. И специјалните ефекти битно изгледаа одлично, се плашев најмногу од тоа. Аквамен беше забавен, ама ми остана некако докажан све у свему. Акционата сцена во Атлантис и краткиот заебан муабет со Мера ми беа добри и останав желен за повеќе од тоа. Уште некоја сцена плус во Атлантис, некој бекградунд момент, крими радот шо го обавиле со Мера кога овој и’ побара помош за да го земат оклопот и вилата за битка (ја објаснуваше Момоа таа сцена) никако немаше да шкодат, али тоа е. Факинг два часа ран тајм. Екстра - Амбер Херд изгледаше фантазија


. Флеш (ми) беше најслаб. Неискуството ала Спајдермен на овој Флеш ја разбирам (ок, така решиле, ноу биг) но од џоук баунсер и баланс на Бетмен и Дајана, се претвори во најслаба карика, за од тоа да премине во реален товар и обврска за тимот да го пазат, и на крај да финишира со фејс палм реакции и непотребно кварење на убав дијалог со мајтапи шо не легнуваа. Два моменти кај него шо најубаво ми легнаа и беа најриал за неговиот карактер - На почетокот кога агонично му објаснуваше на Брус дека Светот околу него куца во пребавно темпо за него и тоа реално го кочи за било каква значајна поврзаност со луѓето. Флеш диип кат е ова и заслужува респект. Иии фен грл реакцијата кога го вида воскреснат Супермен. Типикал и поштено реално.
