Кога би го тргнале на страна она здраворазумско, вродено чувство на страв, кое прави да реагираме себе заштитнички во реално опасни по живот ситуации, односно служи за основна себе презервација и потекнува од инстиктот за преживување, во другите ситуации стравот е непотребна инхибиција која не лишува од многу искуства.
Па, иако можеби звучи како претерана генерализација, сепак сметам дека стравот е мана, која ограничува. Воглавном е резултат на комплекси, недоверба, погрешни проекции од најраното детство и сл. и можам да речам дека е блиску до кукавичлук. Во смисол, за да си зачуваме некој внатрешен "мир" и задржиме статус кво, остануваме инертни, или одбираме да се повлечеме од разни ситации, односи и др. И можеби на тој начин се заштитуваме од евентуални непријатни ситуации, но истовремено се лишуваме од цел спектар на искуства кои може да не направат толку побогати како личности. Дополнително, уплашени и пасивни луѓе, ретко придонеле за крупни општествени промени. Значи, што помалку нереален страв и играње на сигурно, тоа поголема можност да бидеш и општествено полезен.
Поради тоа, одбирам да потклекнувам на стравот што помалку, а и да почитувам луѓе кои го прават истото.
За крај, еден цитата кој сметам дека е во склоп на темава:
"-Заслугата му припаѓа на оној кој е навистина во арената, чие лице е облиено во крв и пот, кој греши и постојано се труди затоа што нема труд без погрешки и недостатоци. Оној кој знае да биде посветен, да се потроши за нешто вредно и кој знае дека, во најдобар случај, на крајот од големото постигнување го чека триумф, а во најлош случај, ако не успее, иако толку се труди, неговото место никогаш нема да биде помеѓу оние уплашени и малки души кои не знаат ни за победа, ни за пораз."
~Теодор Рузвелт~