Стравот - предност или мана?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Ko so kaza LADY, stravot doaga od potsvesta i mn lesno mozeme da go sovladame, dokolku sakame! Za da go sovladas stravot od nesto, treba bas toa da go naprais, i pred se da imas golema verba vo sebe!
 
стравот е голема маана, тие што не се плашат да пробаат нешто во животот најчесто успеваат, а тие што се плашат, се колебаат дали да пробаат, дури се решат да пробаат некој друг ќе биде побрз и на крај од тој е**н страв ништо нема да направат
 
Дали стравот кој сите го имаме и помалку или повеќе го чувствуваме, може да го наречеме наша предност или мана?
Не спречува да живееме послободно и поавантуристички (со што на некој начин ни штети) или е добар дека доколку го имаме, сме позаштитени од многу опасни работи за нашиот живот општо?

Vcera citav....N.Kidman izjavi deka stravot ja donel do mn nejzini uspesi....
Jas mislam deka stravot e najgolemiot neprijatel na uspehot, i se nosi raka pod raka so neuspehot!
 
Стравот е маана.Јас од една страна сум плашлива од друга не.За некои работи ич не ми е страв,на пр навечер во ниедно време да се вракам сама дома или такви ствари не ми е страв...А на пример сеа кога бев на одмор бев во Акваленд и не се качив на ниеден тобоган да се возам,ми изгледаа ептен опасни...
 
Може да биде и едното и другото зависи,од една страна стравот може да не направи претпазливи и спремни на се,а од друга страна може да биде главниот "виновник" зошто не сме пробале и оствариле одредена цел во животот
 
Стравот, во буквална смисла на зборот, го сфаќам како некоја ирационална категорија. Мислам дека треба да го замениме стравот со ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
 
Зависи. Колку повеќе години, толку повеќе стравови. На почеток се плашиме од ствари што треба, а после почнуваме и за небитни работи. Да не не сум убава? Леле сум се здебелила..нема да ме сакаат..Страв да не не успееш, страв дека нема да бидеш прифатен.. Што помалку ги имаме тие стравови, тоа посреќни. Но често стравот може да биде поттикнувачки за некаква промена..подобро без тие стравови. Но, да не се плашиш за својот живот значи дека не се сакаш?! Тоа е пожелен страв

Јас па баш мислам дека треба да е обратно, како старееме стануваме помудри и бројот на стравови се намалува, се додека се друго остане небитно и остане само исконскиот страв од смртта.
Иначе стравот нормално ако не е дијагностициран како фобија од нешто го сметам за позитивна емоција, која што не спречува да направиме некои работи со кои би си го загрозиле животот на пример.
 
Стравот, како една од основните емоции „програмирани“ во човековата психа, се јавува за да не` заштити од ситуации и нешта што можат да ни наштетат. И како таков е полезен, односно предност.

Поентата е што кај луѓето се јавуваат разноразни благи disorders у психа, па оттука има некои видови на „некорисни“ стравови, како на пример фобии- кои се најбизарна работа што човек може да си ја уврти у глава затоа што се јавуваат без никаква реална причина и затоа што се преувеличени. Сликовито прикажано, како пример: во реалност да ти се појави сериски убиец со сатар во рака и да проба да те заколе, природно и полезно е да ти се јави страв што ќе те поттикне да го уклучиш „снаоѓај_се_како_знаеш“ копчето и да се одбраниш. Во ваква ситуација е нормално да се плашиш. Од друга страна, ако ти имаш константна фобија од темница затоа што хипотетички има некои 0.0000001% шанса да ти се појави убиец со сатар и да проба да те убие, само зошто ова си го видел некогаш на филм, тоа е ирационален страв затоа што е јасно дека it`s all in your head. :) Таквиот страв е неполезен и за џабе ја напнува психата и ствара тензија без никаква причина.

Леле, ќе фатам да пишувам студија на оваа тема, ко што тргнав. :pos:

Сума сумарум: има страв и страв. Во некои ситуации и форми е полезен и предност, во некои други е штетен за психата и маана.
 
Предност е кога ќе можеме да го совладаме стравот кога тоа е потребано
 
Желбата за слава е она кое не води до победа. Стравот само ќе ни помогне да се убиеме сами, пред противникот да го зарие својот нож во нас. Храбро до победата... и по неа!
 
Стравот дава крилја...

Стравот е тука кога опасноста е тука,или мислиме дека е тука.Дали ќе се помочаме во гаќи или ќе дејствуваме,тоа ќе ни определи место меѓу храбри и кукавици.
 
Стравот дефинитивно(барем за мене, а гледам и за повеќето) претставува маана, бидејќи ако ти е страв како ќе напредуваш? НИКАКО!
Со стравот ништо не можеш да постигнеш, само ќе тапкаш во место и ќе велиш СТРАВ МИ Е, неможам ова да го сторам, неможам она да го сторам.
Кај секој човек постои извесен страв од нешто, од некој, но не треба да му дозволиме на тој страв да расте бидејќи верувајте(од лично искуство) знам дека стравот многу уназадува.
 
Дефинитивно мана, го попречува човекот да направи некои работи коиги сакал, планирал и слично. Но не велам дека воопшто не треба да се има страв, умерена доза е сосема доволно.:helou:
 
Ми се случило да се ,,закочам,, скроз од страв. Не знам ни зошто закочам го ставив во наводници. Ако треба едноставно да одговорам на прашањето страв -предност или мана, од прва се согласувам дека е мана. Да се плашиш (во најширока смисла на зборот) е човечки, ама ако стравот е дел од тебе како личност или си склон по природа кон ,,набивање,, на стравови тогаш е тешко. Во страв не се живее.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom