Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Да бе, вчера на 18 ти ми стигна писмото. Рокот за достава е 20 - ти, т.е. утре. Многу безобразно.
 
Мислам дека чим крајниот рок е до недела, може и во понеделник да се однесе. Не знам како идеа тие работи. не би требало проблеми да ти прават. Не си ти крива што касно ти стигнало.
 
Епа јас го добив писмото дури денес. Среќа што не чекав да го добијам писмото туку си ги однесов документите лично во министерство пред неколку денови.
 
Ајде малку добри новости - исплатени се 3 рати на старите корисници на стипендиите за информатичари. Минатата година беа исплаќани во исто време со останатите видови стипендии, па старите корисници нека си проверат.
 
Мислам дека темава е малку утната. Значи јас доаѓам тука да видам дали некаде се нудат стипендии, а темава е полна со „Дали ви стигна стипендијата?“

Мој предлог е нова тема „Државни стипендии“ и таму прашувајте се, толкувајте...молете се...
 
Една рата стигна денес кај мене, стар корисник на обичната стипендија:salut:
 
Да ви кажам искрено чекам само уште 2 рати од студентски кредит,иначе сум стар корисник,ова што се случува го нема во ниедна нормална држава.И од искуство ви велам дека повеќе нервози ќе добиете дури ги чекате парите за студирање,отколку што ќе добиете лезет!
 
Ќе има избори.... Јессс... Има све да исплатат, дури и пред време ! :)
 
првата рата за старите корисници денеска е стигната. Идам јас да проверам во Комерцијална и оп се ренивира банката...
Сега сум во неизвесност дали ми фрлиле и мене некој денар :icon_mrgr
Ако дале идам и прославувам неколку дена без престан :pos:
 
како да се пријавам за да добијам стипендија за факултет?
 
Исплатени се двете последни рати од студентските кредити за стари корисници!

За користењето на истиот можам да констатирам дека не се исплаќаше навреме,на начин како што беше утврдено со договорот меѓу корисниците и МОН.Имено,студентскиот кредит(а верувам и стипендиите)требаше да се исплаќа секој месец по една рата,вкупно 9 рати во една студентска година.МЕЃУТОА,истиот се исплаќаше во периоди кога парите не ни беа потребни за студирање(во лето),а додека студиравме може да се рече дека праќаа по 1 или две рати,недоволно за да може да се финансира скапото наше студирање.Стоевме како идиоти на банкоматите,чекајки ги нашите пари,пари кои каснеа и каснеа и каснеа...
Факт е дека студентските кредити не се враќаа,но што да се прави кога кадрите кои завршиле високо образование не можат да се вработат за да ги вратат?!
Овие пари од стипендии(кредити веќе нема) мора да се даваат на време,зошто без пари драги мои не се студира.На студентите кои се надвор од дома им требаат тие пари.Мора да се исплаќаат редовно,инаку се губи корисноста на тие средства.
Факт е дека мора уште многу да се работи на унапредување на студентскиот стандард.
"Знаењето е сила,знаењето е моќ",но тоа е процес во кој требаат многу пари кои ќе се исплаќаат навреме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom