Направете и вие проект, пуштете и го на некоја фондација, исперете пари во процесот.
Мене не ми е јасно што толкава галама околу ова и тоа сега.
Не само за ромите, едно чудо пари се свртеа за развивање на мултикултурализмот, за надминување на меѓуетничките бариери, за создавање на цивилно општество и слично.
Невладиниот сектор е многу развиен на запад, наоѓаат некоја таргет група, дал се тоа Роми, кои се сеуште актуелни со деценијата на Ромите, дали се тоа социјални случаи како што беше со куќите во Велес, па прават проект, колку пари за што ќе се потроши, се разбира најчесто пренапумпани се ставките, ретко кој од алтруизам се нафаќа, а нели се овие непрофитни, па најголемиот дел од работата им ја вршат волонтери, додека оние на врвот ги користат како бесплатна работна сила.
Се разбира дел од волонтерите ќе се здобијат со некакво искуство и тие ќе бидат оние кои ќе продолжат и понатаму да се занимаваат со нго-а, дали ќе успеат да се искачат по хиерархијата или прават сопствени организации , но повеќето увидуваат дека не ги бива за таа работа.
Не е важно, да не ги тупам, нема тука никаква неправда, едноставно тие се под графата дискриминирани, загрозени групи на кои им се дава помош со оправдување дека тие немаат толку привилегии како богатите бели луѓе, муабетот со црнците во сад. Таму се истурени пари и пари за позитивната дискриминација, за да можат тие луѓе да се интегрираат полесно во општеството.
Ова може да се разгледува повеќе од социјален и филозофски аспект, дали е правилно, дали е фер, кои се ефектите од минатите слични проекти, па секој да си даде свое мислење, но мнозинството од западните земји го имаат прифатено овој систем за -потпомагање- и нема тука некои дилеми дека и кај нас слични работи има и ќе има.