На сервис и се ќе се измери а планирам и стручен човек кој ќе кажи дали да ја земам или не!
Друже, со овие коли ако сам не проучиш се, ќе се заебеш дефинитивно. Како прво, јас разбрав дека во Бугарија не даваат носење на сервис, така да good luck со тоа.
Јас ги проучив ц220-ките од тоа годиште и во право е Valvoline - рѓаат, проблеми итн итн, не личи на Мерџо баш. Над 2003-та што се тие се со галванизирани делови (мислам втора половина на 2003-та-, а најдобро би било да гледаш после фејслифтот, односно модели од 2004-та година.
Ауди мене лично не ми прави мерак, многу е стерилно и досадно внатре. Гледам слична внатрешност има со пасат, ако си млад човек мислам не е баш за тебе. За се друго поврзано со ауди, врска немам да ти кажам.
За тие 7к во МК имаш солидни коли, според потрошувачка од 10 литри градска дизел и 7-8 литри бензин и би дошол на слична цена веројатно. Со тоа што во МК би земал кола купена од тука, сервисирана тука и со 5 пати помалце километри. Јас за 7к земав Лансер од 2009-та година, со кожен волан, мењач, автоматска клима и хендс-фри систем. Троши просек 8 во градска некаде, со 66,000 километри.
За истите пари можев да бркам мерцедеси со 200,000 минимум.
Знам дека не е ова темата, ама да си искажам искуство и совет - на старо според мене подобро е бензинец, освен ако не зимаш дизел од познат.