Секој возач мора да знае: Што значи црн, бел, син и сив чад од ауспухот на автомобилот

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Понекогаш боја на чад излегува од ауспухот на вашиот автомобил, тоа може да е знак дека нешто не е во ред со него.



Дури и кога ниту еден сигнал не ви е уклучен на инструмент-таблата на вашиот автомобил, бојата на чадот може да открие дефект.

Син чад

Ако вашиот автомобил исфрла плав чад значи дека имате проблем со маслото, и дека доаѓа до согорување на маслото. Тоа најчесто се случува кога ќе дотраат кариките и вентилите, со што маслото протекува во комората за согорување каде се меша со горивото. Ако забележите ваков проблем, редовно проверувајте го маслото и доколку фали дополнувајте.

Сив чад

За овој чад е тешко да се даде соодветна дијагноза. Предизвикан е од слични случаеви како што е и со плавиот чад, но и од лош турбо полнач.Треба да го проверите маслото и потрошувачката на гориво, бидејки обично овие грешки ја зголемуваат потрошувачката.

Бел чад

Доколку видите бел чад не мора да значи ништо опасно, бидејки може да претставува само обична кондензација на внатрешниот издувен систем. Меѓутоа поголем облак од бел чад може да претставува проблем. Главни дефекти кои можат да предизвикаат бел чад се оштетен цилиндар на главата и испукан ѕид на главата од моторот, а тоа се скапи поправки. Овој проблем никако не треба да се игнорира, бидејки и до најмало истекување на течноста за ладење може да дојде до прегревање и сериозен ризик за оштетување на моторот.

Црн чад

Црн чад значи голема потрошувачка на гориво.Прво што треба да проверите се филтрите за клима, индуктивните сензори, инјектори за гориво и регулаторот за притисок. Црниот чад е најлесно да се дијагностицира, бидејки се знае што точно го предизвикува, а поправката на овие делови не е премногу скапа.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ух како ме нервира луѓево со Голфови што не си ги проверуваат колите.
Земале мислат големи ауспуси имаат и чад.
Тоа треба да се казни според мене...
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Спомнавте син,сив,бел и црн чад, како индикатори за неисправност на возилото, ама заборавивте да кажете каков чад треба да испушта исправното возило. Зелен случајно? :icon_mrgr:
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Спомнавте син,сив,бел и црн чад, како индикатори за неисправност на возилото, ама заборавивте да кажете каков чад треба да испушта исправното возило. Зелен случајно? :icon_mrgr:
proziren :D
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Дизелот каков чад треба да испушта кога е во добра состојба моторот?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Дизелот каков чад треба да испушта кога е во добра состојба моторот?
Било кој мотор нетреба да испушта никаков обоен чад.

Дизелите со поголема километража, почнуваат да испуштаат црн чад прво кога се многу оптеретени (цедиш), а подоцна тоа се јавува и на нормално возење....
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Било кој мотор нетреба да испушта никаков обоен чад.

Дизелите со поголема километража, почнуваат да испуштаат црн чад прво кога се многу оптеретени (цедиш), а подоцна тоа се јавува и на нормално возење....
Имаш адитиви,ќе му ставиш ќе се изгуби чадењето некое време,али не и постојано.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Бел чад... тоа може да биде и од дихтунг на глава. Не мора да е пукната главата.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Син дим се прави и ако дрифташ
Бел дим како што кажа Струмикс
Црниот дим кај дизелите е од неисправна бош пумпа и дизни односно многу поминати километри 500-600к

Добар мотор не испушта никаков дим
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Син дим се прави и ако дрифташ
Бел дим како што кажа Струмикс
Црниот дим кај дизелите е од неисправна бош пумпа и дизни односно многу поминати километри 500-600к

Добар мотор не испушта никаков дим
Може е и долго не сменет филтер за нафта.Али не е страшно.Дизел ако не чади,незнам кој чади..
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.696
Поени од реакции
288
Секој возач мора пред секое тргнување со возилото да се осигура дека истото е во возна состојба - напумпани и со длабока шара гуми, исправна сигнализација, ретровизори, доволно гориво и нормално памет во глава.

Ако примети дека возилото не работи како што треба - било кој систем не работи нормално се знае - правец на сервис.

И редовен сервис.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Црниот дим кај дизелите е од неисправна бош пумпа и дизни односно многу поминати километри 500-600к
Нема врска пумпата со чадењето... од неисправна пумпа или течи гориво или ќе има проблеми од типот: нема да пали, нема да прима... Километрите не се никаков репер за состојбата, мада тоа што си го пишал е некој животен век. Од друга страна, дизните на 100.000 треба да се прештелуваат, на 200.000 треба да се сменат. Ако имаш среќа ќе тераат 300.000, мада 500 без да ги чепниш особено на новите возила нема шанса.

Чадењето е реакција на процесот на согорување. Ако дизната функционира правилно и моторот има компресија, целото гориво се претвара во енергија и согорува. Но, меѓутоа ако балансот е нарушен (лоша дизна или намалена компресија на мотор)... имаш лош микс на гориво/воздух (дизбаланс), најчесто има многу гориво и резултатот на тоа е лошо (недоволно) согорување и остаток од црн чад.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom