Spartacus

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Хех, кај овој новиов не е воопшто физички спремен или бар во фаца да личи на "позитивец", уште не ни знае да глуми.

Бев 90% сигурен дека серијата ќе ја снајдеше истото нешто како и Prison Break во својата втора сезона, бидејќи драстично се менуваат ликовите и локациите, ама овде се направени премногу лоши избори. На пример, наместо Лукреција можеле да го вратат Батиатус ѕверот, далеку подобра серија за гледање ќе имавме. : )
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
За новиот тип се согласувам, и во втората епизода не можеше да ме убиди дека е навистина Спартак. И дај нека му дадат стероиди или слично, колку да заличи на воин кој до вчера правел лом во арената.
А Батиатус мислам дека не можеа да го вратат бидејќи серијата ги следи реалните настани.

Инаку,
Ганикус, или како и да се чита, ќе се појави во петтата епизода
 
Знае некој колку вкупно епизоди ќе има оваа сезона?
Пошто сакам да почекам сите да излезат па да си ги изгледам , не сакам вака една по една да ги чекам ко гладен пес пред касапница :icon_mrgr:
 
Знае некој колку вкупно епизоди ќе има оваа сезона?
Пошто сакам да почекам сите да излезат па да си ги изгледам , не сакам вака една по една да ги чекам ко гладен пес пред касапница :icon_mrgr:
10 епизоди ќе има
 
Може некој да ми каже за оваа серија Gods of Arena што ќе се дава на МТВ 1 зошто сакам да ја гледам. Дали се работи за оваа тема и оваа серија, или некоја друга, или некоја сезона од серијава се вика така?
 
Гледај ја таа ти е како предсезона за Spartacus blood and sand ...
Изгледај ја неа првин па после оваа сезона и тек после сезоната Vengeance којашто досега има само 2-3 епизоди ама по коментариве лоша била т.е. новиот глумец разочарал...
 
Фала многу. Добар и е терминот на МТВ 1, секој ден во 22.30 и реприза во 2 по полноќ
 
А ова ке биде последна сезона ??
 
Не, ќе има и трета сезона. Потоа дали ќе продолжи зависи од рејтингот најмногу.
Чек сеа Spartacus: Blood and Send е прва а Spartacus: Vengeance е втора сезона од каде инфо дека ќе има трета ?
 
Загревање за 5 епизода (кој не глеал Gods of the arena нека не го гледа клипов)
Според мене најдобрата снимена сцена во сите сезони.
Epic, Worth every minute !
 
Вчера си ја изгледав пак последната епизода од 1та сезона, колку идеше крајот толку ја усраа со графиката, т.е. со крвта, со прободувањето... ама сепак сезоната беше :cuc: и ова Gods of the arena беше :cuc::cuc: , сеа чекам да излезат сите епизоди од 2рата сезона па да ја изгледаме,но како што гледам мн. критики има за новиот актер.. како внатрешно (глумата) , така надворешно(физичкиот изглед) .... :confused:
 
Ајде објасни ми, која сезона беше таа вчера на МТВ 1 што заврши со 13 епизоди вкупно? Јас мислев дека е прва, а сега читам дека имало уште една пред неа. Оваа на МТВ 1 што ја даваат беше фантастична. И мене не ми се допаѓаат компјутерските ефекти во серијата, кои мислам дека беа најмногу застапени во првата епизоди, а и во последнава ги имаше многу. Колку ми е мило за Лукресија и Батијат, а особено за она детето на судијата што нареди да се убие Варо. Серијата е преубава, а од понеделник на МТВ започнува нова сезона.
 
Таа е првата сезона Blood and Sand, сезоната од 6-епизоди која ќе започне да се прикажува на МТВ1 ќе му дојде нешто како нулта сезона, т.е. приквел сезона. Дејството во неа се случува пет години пред да дојде Спартак во лудусот. Моментално во Америка (а и на замунда) се прикажува втората сезона наречена Vengeance.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom