Костарика не заслужи победа, ни нерешено.
Според мене ваков формат на првенството не дава вистинска слика кој е најдобар во светот, премалку утакмици се играат, со цела технологија и анализи лесно се наоѓаат слаби точки во противничкиот тим и се искористуваат, но тоа не мора да значи дека севкупно тимот кој победил е подобар и има поголем квалитет.
Многу подобро би било некое раздолжено првенство како Лига на нациите, две години утакмици и потоа најдобрите од сите континенти или реони да се пресметаат во формат со минимум две меѓусебни утакмици, дома гости или како НБА, повеќе.
Во една утакмица секој може да го победи на секого, Македонија ја тепа Германија, ама тоа не значи дека се подобри, а на првенствово такви порази значат испаѓање.