- Член од
- 8 септември 2008
- Мислења
- 11.910
- Поени од реакции
- 10.279
Прва работа беше што во никој случај не смееше на Светсково да стартува Јагиелка. Човекот можи е одличен во домашното првенство, ама домашно првенство и Светско се два различни поими. Друга работа, игра со двајца везни играчи (Џерард и Хендо), кои се добри пасери, но нити еден од нив незнае да даде through balls. Затоа во Ливерпул постоеше класична 10-ка (Кутињо), која беше задолжена за тие пасови. Овде, Рој играше со 4 КЛАСИЧНИ напаѓачи. Каде бе Ројчо дрво едно? И 7 напаѓачи да имаш во тим, ти треба некој креативец кој ќе ги храни нив со топки. Ни Руни, ни Стариџ, не се креативци. Рој сакаше да ја игра "играта на Ливерпул" ако смеам така да се изразам, со кратки пасови, ама очигледно беше дека повеќето од овие играчи и не ја сфатија баш, ептен статични не се движеа без топка, а таква пас игра без движење без топка е осудена на пропаст. И како последна грешка, е нормално Велбек. Човекот еве 5 години како е тежок просек во Манчестер, а Рој го игра стартер на Светско Првенство.
Во одбрана на Рој, можи да стои тоа што не можеше да смета на двајца клучни играчи: Волкот и Вилшир, кои сигурно ќе играа на местото на Хендерсон и Стерлинг (не на Велбек), ама сепак мнооооогу лошо издание на Англија во овие 2 натпревари, без никаква идеја во напад и порозна одбрана.
Има сеуште шанса за Англија ( и тоа доста голема), ама сепак не е веќе во нивни раце. ФА треба сериозно да види зошто ова се случува, и дека треба да се постави млад, перспективен тренер кој ќе ги вклопи овие млади играчи, и на следното Европско да блеснат. Овој тим на Англија има страшен потенцијал, само треба некој да го искористи, а тоа дефинитивно не е Хоџсон.
Одлично е Вилшир шо не играше, нема да се ребриме барем за повреди, па нека игра Хендерсон