СП 2014 Бразил - генерална дискусија

леле еј!Бразил потоп.Дојде германското торнадо
 
Ќе крекам бе шо ако моиве 7 примија...
10455456_529778340501036_4410798952179890526_n.jpg
Не само што примија 7, туку за едно пола саат одприлика примија повеќе голови од што прими Англија на цело СП. :icon_lol:
 
Тоа е таа германска машинерија која незнае за опуштање и паѓање на темпото без разлика на резултатот. Види ги на 7-0 примаат гол и се нервираат зошто примиле. Затоа секогаш биле на врвот во фудбалот.
 
Тоа е таа германска машинерија која незнае за опуштање и паѓање на темпото без разлика на резултатот. Види ги на 7-0 примаат гол и се нервираат зошто примиле. Затоа секогаш биле на врвот во фудбалот.
абе и јас се разочарав кога примија гол. во гроб го пратив оскар
 
Kako sto razbrav Cakir ke sudi utre. Za preostanatite dva natprevari ocekuvam Web i Rizzoli da bidat glavni sudii. Iskreno ne bi sakal nekoj od drug kontinent da ja deli pravdata vo finaleto.
 
Синоќешниот натпревар најубаво ја отслика целата фудбалска мизерија на Бразил, каков и да е квалитетот на сегашниов тим на Бразил таков дебакл не смееа да си го дозволат.

А квалитетот, јас откако пратам фудбал, ова е најслабиот тим на Бразил. Бразилскиот фудбал е во голема стагнација и тоа не е од денеска или од вчера туку од поодамна. Бразил, кој секоја генерација имал мегаѕвезди и најдобри играчи кои играат во јаки клубови во европа повеќе го нема тоа. Не се сеќавам на екстра играчи од времето на Роналдињо и Кака во своите најдобри денови, значи пред добри 7-8 години. Синоќа во првиот тим на бразил беа едни Цезар и Маикон, без оглед на квалитетот на Цезар кој е неспорен, тој е голман во англиски второлигаш, а Маикон е на залез на кариера постојани менувајќи клубови. Во синоќешниот Бразил напаѓачкиот елемент го сочинуваа Фред, Хулк и Бернард. Самите имиња на играчите говорат се, Бразил чија гордост била најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот се сведе на ниво да ги игра овие во напад, без оглед на тоа што Хулк беше скапо платен, игра во Зенит, далеку од атрактивен и голем европски тим, за Фред не треба да трошам зборови. Средниот ред исто, креативност нула, со играчи како Паулињо, Рамирес и Густаво не се освојува СП, најреално со првотимци кои играат во КПР, Тотенхем, Зенит, Волфсбург, разни бразилски тимови не се освојува СП, бразилските играчи мораат да бидат и во врвот на клубско, за да бидат на врвот и на репрезентативно ниво.

И шпанците мизерно поминаа на првенството, многу помизерно од Бразил, но некако кај нив гледам многу повеќе можност за рехабилитација и враќање на врвот, оти тие имаат иднина, млади многу таленирани играчи, имаат фудбалска школа и верувам дека ќе знаат да го изменаџираат транзицискиот период кој ќе им следи.

Бразил од друга страна, во моментов, не гледам млади играчи доволно квалитетни кои би го издигнале тимот повторно во елитата на светскиот фудбал. Проблемот е што и самата фудбалска школа не им функционира најдобро, последниве години многу од младите талентирани играчи кои требаше да бидат идните ѕвезди не го исполнија потенцијалот, освен Нејмар, иако и за него сеуште не сум убеден дека и тој ќе може да биде на нивото на еден Роналдо на пример.

Гледајќи ги другиве јужноамерички репрезентации соседи на Бразил, како Чиле, како Колумбија како Аргентина, сите некако подобро успеваат во составувањето на тимовите, во промовирањето млади квалитетни играчи, во правење ѕвезди на јужноамеричкиот фудбал.

Од друга страна, бразилците потребно е да го сменат и менталниот склоп во однос на тренерите, како фудбалска нација имаат очајни тренери, не можам да се сетам на бразилец кои предводел некој голем европски клуб, повторно за разлика од нивните јужноамерички соседи. Тоа е и приоритетот, според мене прва работа по ова првенство е ангажирање на странец кој ќе им ја предводи репрезентацијата, без сентименталности и премногу емоции, некое квалитетно име кое ќе знае од оваа селекција да го извади најдоброто а ќе биде умешен да внесе и нови, внимателно одбрани играчи за идни првотимци.

У секој случај, долг е патот на Бразил за враќање на врвот.
 
Абе другар, Маикон иако е на залезот на кариерата овие 2 меча ги изигра на ниво, а Цезар не е крив што немаше одбрана пред него ...[DOUBLEPOST=1404892008][/DOUBLEPOST]
171 - The 1998 World Cup saw more goals than any other tournament. So far, there have been 159 in 2014.
+ 8 од вчера, значи ова првенство има 167 гола и е на чекор да го престигне тој рекорд ! :D
 
Сколари се правеше манга и као демек ги забележа промените што беа потребни, го смени Алвеш? Дани беше најмалиот проблем во целава репрезентација, грешки уште од повикувањето на поширокиот состав, Сколари имаше играчи со кои многу работи ќе беа поразлични.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom