Извини што ќе те цитирам ама сметам дека е многу битно т.е. битно е и едното и другото. Фудбалот е најгледаниот спорт, посебно кога се работи за СП што го гледаат сите генерации, од најмладо до најстаро. Секој си има репрезентација за која навива дури и да не учествува неговата матична држава (ние сме чист пример) а со тоа и свој херој во репрезентацијата.
Затоа многу битно е и однесувањето на играчот на терен, посебно ако станува збор за ѕвезда која што многу млади деца и тинејџери го гледаат како roll model (како на времето јас што гледав на Роналдо, Шумахер и Федерер). Поентата ми е тие деца многу лесно може да ги прифатат однесувањата на своите идоли.
Еве за пример, на СП 2006 година кога Зидан го удри со глава на Матераци. Бев средно и имав школски кој што го имитираше тоа и удри друг школски на сличен начин. Значи збориме за средношколец, кој што колку толку е свесен што е добро да прави а што не. Мислиш нема дел од помладата популација да го прифати како позитивен гест тоа што хипотетички го направи Суарез (доколку тој им е омилен играч)? Сигурен сум има добар процент млади во светот што ќе сакаат да го имитираат. Тука почнуваат проблемите. Не се работи за морална полиција како што викаш.