СП 2014 Бразил - генерална дискусија

Да му го ебам племето јас и на Блатер и на цела ФИФА. 4 месеци воопшто од фудбалот? Море се да им ебам. Казни го таму 4-5 утакмици за Уругвај и тоа е. 4 месеци надвор од фудбалот башка 9 за репрезентација плус. Ма немој да ме јебеш бре
 
Ауу сега прочитав, нема право ова лето нов клуб да бара, ќе мора да остане во Ливерпул
 
Ова е преголема казна. Само да споредиме со неколку други случаеви: кршењето на ногата на Едуардо, јадењето ќотек на играчот на Гетафе од страна на Пепе, закачките што се случуваат често низ терениве, ударот на Сонг над Манџукич и ред други работи.
Сите овие не се добар пример за тие кои ги гледаат на ТВ, но сепак казните се помали.
 
Па до негде добро е за Ливерпул, барем ќе остане кај нив. Ако почне казната од сега ќе се врати накај ноември, ќе поигра дури и ЛШ. :cool:
 
Можеше Суарез се да остави зад себе после одличната сезона, ама некои навики секогаш остануваат.

Нека скапе на клупа, све да му ебам.
@Peja989 вака ли беше?
 
чекај ова 9 наптревари за уругвај суспезнија или 9 вкупно...

Иначе мислам дека за кршење нога нова казна би било да биде играчот суспендиран онолку колку што другиов ќе осуствува од терените... такви нешто муабети вртеа по нетов пред некое време...
Тоа чинам беше за во текот на играта. Кога еден играч ќе повреди друг и додека му се дава лекарска помош, надвор од теренот ќе биде и играчот кој што бил иницијатор на повредата. Потоа заедно ќе влезат на теренот. Да не биде едниот тим со играч помалце на теренот.
 
Извини што ќе те цитирам ама сметам дека е многу битно т.е. битно е и едното и другото. Фудбалот е најгледаниот спорт, посебно кога се работи за СП што го гледаат сите генерации, од најмладо до најстаро. Секој си има репрезентација за која навива дури и да не учествува неговата матична држава (ние сме чист пример) а со тоа и свој херој во репрезентацијата.
Затоа многу битно е и однесувањето на играчот на терен, посебно ако станува збор за ѕвезда која што многу млади деца и тинејџери го гледаат како roll model (како на времето јас што гледав на Роналдо, Шумахер и Федерер). Поентата ми е тие деца многу лесно може да ги прифатат однесувањата на своите идоли.
Еве за пример, на СП 2006 година кога Зидан го удри со глава на Матераци. Бев средно и имав школски кој што го имитираше тоа и удри друг школски на сличен начин. Значи збориме за средношколец, кој што колку толку е свесен што е добро да прави а што не. Мислиш нема дел од помладата популација да го прифати како позитивен гест тоа што хипотетички го направи Суарез (доколку тој им е омилен играч)? Сигурен сум има добар процент млади во светот што ќе сакаат да го имитираат. Тука почнуваат проблемите. Не се работи за морална полиција како што викаш. :)

Види, ова што го пиша е за во посебна тема зошто има многу за дискусија. Тука за да скратам, да речеме дека се согласувам дека треба да се води грижа за спортско однесување и се разбира дека секој неспортски потег треба да се казни. Тоа не е воопшто спорно. Овде спориме дали ситуацијата со Суарез е пренадуена или не е. Според мене и некои други (во случајов сме малцинство) ова не е ништо повеќе од исклучување и редовна казна која следи за црвен картон. Пострашни работи се случуваат. Да играше во некоја друга лига немаше да се дигне толку прашина, а на Англичаниве ова им дојде како кец на десетка па сега ќе му се истурат како тој да им е крив што имаат усрана репрезентација.

Мала дигресија пред да и одговорам на Џену:


Јасно е дека медиумски е исфорсирано ама денес фудбалот повеќе за медиуми и спонзори се игра отколку за гледачи.

Суарез има психички проблеми, како што кажаа погоре, како што кажав и докторот. Коренот во 90 проценти од вакви неприродни постапки кои ги прават луѓето под притисок и во инфериорна ситуација се бараат во детството. Имал тешко детство, разбирам се тоа, но му треба на човеков помош од стручно лице и тоа веднаш. Со пикање на проблемов под тепих може само да ескалира ситуацијата кон полошо, затоа што ова веќе се случува трет пат, од кои третиов пат за една година размак од изминатиот.

Глупо ќе е ако Суарез ради вакви скандали и проблеми не го достигне зенитот во кариерата и не освои златна топка во иднина, затоа што вакви работи се минус кај чичковците што гласаат а ако продолжи ваква со скандали не само тоа туку и спонзорите ќе го напуштат.

Подобро да му кажат да оди на задолжително лекување отколку да не игра зошто веќе видовме колку функционира сето тоа.

Да ама колку што прочитав тој веќе посетувал (можеби и сеуште посетува) психолог. Можеби ќе се оправи, а можеби нема лек, ко што нема за Балотели на пример. Во секој случај тоа е башка прашање, па и да не е задолжително сигурно Ливерпул веќе го натерал на тоа. Важно е да се има усул при носење одлуки рандом административци со непотребно голема моќ можат да расипат кариера. Не знам кој е меродавен да одлучи дека три гризнувања треба да се казнат со 24 месеци неиграње за репрезентација (лесно е да се удри по репрезентации како Уругвај) додека фудбалери кои прават брутални стартови никој не ги казнува додека не му скршат нога некому. Повторно, не гледам зошто е ова така страшно.

Glory Glory Man.U :)
Ваш, Ио.
 
Во меѓувреме, 4 месеци неиграње и 9 утакмици за Уругвај.
 
Ама не, стварно ова е голема казна, мислам според мене океј казна ќе беше 1 година забрана за играње за Уругвајска репрезентација, дури и тоа е премногу. Ја би поднел одман, уште истата секунда жалба за ова. + Спомна погоре некој, милион други вакви случаи полоши од овој а поминал со полесни казни.
 
Ауу сега прочитав, нема право ова лето нов клуб да бара, ќе мора да остане во Ливерпул

ја па наидов на ова:
FIFA have confirmed that Suarez can still transfer to another club during his ban.

само што нема да може да биде презентиран, зошто несмее да влезе на стадион :D

не дека го бранам Суарез, ама ове е многу строга одлука...
касапи како Де Јонг, Пепе или оној Бен Тачер не беа ни приближно вака казнети.

плус како што разбрав тие 9 утакмици не се обични утакмици, туку станува збор за утакмици на Светско Првенство :facepalm:
 
Требаше само 3 месеци казна и 3-4 утакмици за уругвај.Али ако, и вака е убаво ебаму недокваканото.Ако имал тешко детство и е ментален нека оди со бокс нека се занимава.
 
Леле колку и да го критикував за испадите и мене ми падна жал сеа малце, ако стварно се 9 утакмици само за СП? Па тоа значи најверојатно дека СП е завршена приказна во неговата кариера. :)

За трансфери, сепак ќе може да прави.. Ама кој ќе го земе па кога нема да смее да игра првите 2 ипол месеци? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom