Совршенство...

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Ноуп,можеш само да бидеш подобар во нешто од некој,никогаш не можеш да бидеш најдобар,затоа што секогаш има некој што е за мрвица подобар.
А и затоа што дела и актови со префикс нај реално не постојат:)
 
Никој не е совршен,но секој може да биде чекор поблиску до тоа совршенство..
 
Совршенството не постои во материјална форма.
Совршенството постои како момент.
 
Кој вели така? :)

Екцесивност?
aaaqs7.png
Образложи што збор е тоа.

(Научив нов збор :vozbud:)

Ќе прелисташ речник, може и Википедија да послужи (common people dictionary) и ќе ти биде се јасно.
Јас сум од тие што користат комплексни зборови без да им го знам значењето, одредени модератори при тииит не ти кажаа за тоа? :smir:
 
Како нема... ИМА... Заљуби се... И таа ке биде совршена :) хехе мала шала... ама секоја шала полобвина вистина... :)

Инаку совршенство... Кој како го сфаќа тоа... Совршенство би било на пример...
Откажи се од сите убавини на светот па да постигнеш совршенство. Зошто?
Епа вака... Ако знаеш што е убаво мора да си почувствувал лошо... Ако не очекуваш добро нема да се случи злото... Оти светот е составен од спротивности како што рекол Анаксимандар... Хехе.
 
Ќе прелисташ речник, може и Википедија да послужи (common people dictionary) и ќе ти биде се јасно.
Јас сум од тие што користат комплексни зборови без да им го знам значењето, одредени модератори при тииит не ти кажаа за тоа? :smir:

Ма немав никаква лоша намера златце, го знам зборот, единствено е тоа што не ти е добро напишан.

ЕкСцесивност е, не е екцесивност.:back:

Мене ми е јасно дека си паметна девојка, и не го оспорувам тоа.
 
Зарем совршенството не се подразбира од секоја личност на различен начин?
Како може тогаш некој да каже што е всушност совршенство и дали некој некогаш го постигнал?

Токму поради тоа е возможно и реално.
Кога совршенството го земаме по сопствените мерила можеме и да го достигнеме.

Ете зошто понекогаш екцесивноста и променливоста се убава работа, никој не може да го сруши она што константно се менува. :)

Кој да те разбери...:toe:
 
Секој од нас сака да се надгради себеси во било кој поглед од животот. Секојдневно учиме нешто ново..стекнуваме знаења..си ги проценуваме вредностите..и ни се јавува самодоверба..која почнува да не стреми да станеме поуспешни од тоа што сме. Со други зборови почнуваме да се стремиме за совршенство.
 
Кој да те разбери...:toe:

Кој да ме разбере кога јас себеси не се разбирам?:smir:

Всушност, поентата на целиот тој краток, исечкан монолог ми е дека совршенството секој го перцепира со своите сетила кои што му го сервираат животното искуство, ги создава своите идеали затоа што му одговараат на неговиот ментален склоп.
Со тоа, совршенството е повеќе од возможно, затоа што колку и да се менува сликата во нашата глава, секогаш ќе ја имаме можноста барем да го допреме тој рај, да му ја изгребеме површината и да знаеме дека во еден момент од нашиот живот, колку и да бил фиксен или лабилен ние сме биле совршени. :)
 
Совршенство целосно не постои , ни постоело ниту пак ќе постои
 
Совршенство целосно не постои , ни постоело ниту пак ќе постои
се согласувам со тебе, но мислам дека совршенството е фантазија на човекот и постои во неговиот ум, такашто тој тежнее кон тоа да биде што подобар од тоа што е, така се доближува до совршенството (идеалното) што никогаш нема да го постигне.
 
Кој да ме разбере кога јас себеси не се разбирам?:smir:

Всушност, поентата на целиот тој краток, исечкан монолог ми е дека совршенството секој го перцепира со своите сетила кои што му го сервираат животното искуство, ги создава своите идеали затоа што му одговараат на неговиот ментален склоп.
Со тоа, совршенството е повеќе од возможно, затоа што колку и да се менува сликата во нашата глава, секогаш ќе ја имаме можноста барем да го допреме тој рај, да му ја изгребеме површината и да знаеме дека во еден момент од нашиот живот, колку и да бил фиксен или лабилен ние сме биле совршени. :)

Јас си имам една замисла за совршенството, ти си имаш друга.
То не е совршенство.. то е замисла, фантазија, мечтаење..

Ама ок убо е чоек да си мисли дека е совршен за момент, само што ете јас не сакам да го достигнам тој „совршен момент“.. после ќе нема за што да сонувам...
 
Соновите се менуваат, го потенцирав и тоа во постот, ако ме прочита убаво.
 
Соновите се менуваат, го потенцирав и тоа во постот, ако ме прочита убаво.

Кога ќе се сменат соновите се менува и сликата за совршенството.. и сето то нема крај...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom