Совршенство...

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Духовното совршенство не се ни постигнува со трчање по него, туку со запирање :) со свесност на умот. Но кој тоа сака да биде вистински возрасен во светот на децата маскирани во возрасни? :)
 
Совршено е јасно дека совршенство не постои, дека никој не може да направи ништо совршено, дека никаде не постои ништо а секого да го воодуеви. Испаѓа дека совршенството е субјективна категорија- мене ми се свиѓа, на друг не. Токму заради тоа не постои совршенство. Не зборуваме тука за човек, предмет, појава...тоа апсолутно не е битно, може да биде се од горенабројаното.
До пред скоро време го видов, доживеав совршенството, ама дали пак ќе го видам, не знам...
 
Чувство како молња? :) Може да го опишеш?
Како да опишам чувство? :) Неописливо е тоа, доживливо е. Знаеш самиот дека во тој момент тоа што го гледаш во моментот претставува совршенство за тебе. Макар на никој друг на светот да не му се допаѓало.
 
Така и си мислев. Многу филозофи и мислители се сложуваат дека токму тоа чувство е привидна илузија, нема реална основа да постои во овој ограничен свет. Но, еден убав ден, таа молња ќе стане чиста светлина. :)
 
Можеме да филозофираме што значи чувство, ама со едноставни зборови да се опише не може, бидејки пак тоа е индивидуална работа.
 
Мислам дека совршенство во реалниот живот воопшто го нема ,секогаш во реалниот свет се јавуваат неодстатоци,мани кои го прават поимот совршентсво се подалечен и по недостижен за луѓето,односно совршенството може да го земеме како мотивација или цел за луѓето да се стремат кон подобрување на нешто.Едниствена совршена работа е проектил истрелан од борбен авион во статична мета која шансите за промашување се 0%. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom