Совршенство...

Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Совршенството е нешто кон што сите се стремиме... Никој од нас никогаш нема да го достигне и покрај сите надежи и стремежи за приближување кон совршенството.

Секогаш ќе бидеме несовршени... Многу мал дел од нас ќе сфатат дека идеалот за совршенство не постои и тогаш ќе научат да уживаат во својата несовршеност. Бидејќи сите сме несовршени, живееме во таков несовршен свет треба само да научиме да живееме со сите поволности кои ни ги нуди.

Идеалот за совршенство е различен во различните сфери на овој свет во кој живееме. Единствено заедничко на сите дефиниции за совршенство е што тој идеал е секогаш недостижен.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Совршенство.Сајанс фикшн.
Што подразбираме ние под совршенство?Цврста коса,совршена тежина и висина,правилни црти на лицето,надополнето со пристоен живот,добра плата,луѓе кои те сакаат и ценат,успех во она што го работиш,што сакаш да го работиш.
Ова и многу други работи се земени по дифолт како совршенство во животот на еден човек.Зошто?Дали погрешно се наметнала околината,или ние не знаеме да ги препознаеме малите нешта кои може донекаде да ни го направат животот поубав,не велам посовршен,затоа што зборот совршенство некако и го замразив.
Зошто да мечтаам за нешто кое знам дека не постои?Како што рече членката погоре-целосно совршенство нема.Може да си успешен и се да ти оди подмачкано,но од друга страна доживуваш неуспех на друго поле.И така оди тоа,еднаквост нема.Можеби постои некаков баланс кој може да се достигне во животот,но совршенство,барем тие работи кои претставуваат keywords за совршенство,не.
А којзнае,можеби совршенството има поинаква димензија од онаа што нас ни е наметната,штоако ова е совршенството што сме тежнееле да го имаме?Нема да дознаеме,затоа што по природа,човекот бара повеќе...и уште повеќе.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
совршенството не постои на земјава!
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Зависи како гледаш на совршенството, општо зборот совршено е нешто да е добро без граница, а такво нешто не постои така што мораме самите да си дефинираме што за нас е совршено :)
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
36
Поени од реакции
2
Sovrsenstvoto e sozdadeno kako zbor samo za da imaat lugeto nekakva cel vo zivotot da napravat nesto sovrseno vo sekoj pogled ,no:::

Ne se plasi od sovrsenstvoto, nikogas nema da go postignes!!!!(zatoa sto ne postoi)
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Дали има совршенство? Дали вие и општо луѓето несвесно или свесно се стремат кон тоа? А што е всушност совршенството?

Дали можеби човекот не го прифаќа совршенството затоа што тоа е некој вид конечна појава (па повеќе признава предмети како совршени) и со достигнување на истата, би се дошло до некаков крај за него и неговото творење и постоење?
Или пак едноставно, совршенството не е возможно од многу причини и на било кој начин да се постигне?:raz:
Мислам дека совршенството не постои за луѓето кои постојано се наоѓаат во потрага по истото..И кога би го пронашле тие најверојатно не би знаеле да го препознаат,,затоа што секогаш ќе се најде нешто што е поблиску до него,, но ретко кога луѓето знаат да запрат во својата потрага и да уживаат во дадениот момент..совршенство е кога се чувствуваш на врвот на среќата,, и мислиш дека не може да е подобро,, кога ништо не ти неедостасува или едноставно работите излегле многу подобро од очекуваното или замисленото,, кога се чуврсвуваме исполнети и комплетно задоволни од она што го правиме или ни се случува и едноставно сето тоа ни излегло позитивно..Но,, мислам дека совршенството не постои и токму заради тоа што луѓето не се доволно свесни за неговото значење и секој си има различни критериуми..Дури и ако постојат такви моменти на совршенство мислам дека луѓето не знаат да уживаат доволно во нив затоа што би им било чудно да знаат дека токму тие успеале да го доживеат совршенството..А совршенство може секој да доживее, но зависи од тоа колку луѓето се позитивни како и од нивните стремежи да ги исполнат своите зацртани цели,, но и зависи од самите цели..Може да се случи да сромните луѓе бидат многу посреќни од оние кои цел живот се во потрага по таа среќа..Значи,,да совршенство постои,, но треба само да го најдеме вистинскиот начин да дојдеме до него,, а тоа е да знаеме да го препознаеме и да уживаме во моментот,, задоволувајќи се со истото..:pipi:
 
А

Александра Д.

Гостин
Дали има совршенство? Дали вие и општо луѓето несвесно или свесно се стремат кон тоа? А што е всушност совршенството?

Дали можеби човекот не го прифаќа совршенството затоа што тоа е некој вид конечна појава (па повеќе признава предмети како совршени) и со достигнување на истата, би се дошло до некаков крај за него и неговото творење и постоење?
Или пак едноставно, совршенството не е возможно од многу причини и на било кој начин да се постигне?:raz:
Според мене совршенство не постои, тоа е само дел од човековата фантазија што значи дека ние се стремиме кон нешто што го нема. Нема совршенство зошто колу една работа и да е совршена секогаш има подобра.:wink:
 
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.768
Поени од реакции
31
Секако дека постои....совршенството не се граничи......за секого на светов постои тоа совршенство...Може да е совршен момент...танц...песна...бакнеж..Тоа се работи кои се памтат и кои за нас кои сме ги доживеале во тој момент се совршени.За мене совршенството не е материјалното.Тоа е сушевно задоволство...За секого се дефинира различно не секако дека постои
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Не постои.
Зошто?..
Затоа што тоа што за мене е совршенство, за тебе е глупаво.
Секој на различен начин си го има сфатено, секој на различен начин го толкува и перципира.
 
С

Сатори

Гостин
Не постои.
Зошто?..
Затоа што тоа што за мене е совршенство, за тебе е глупаво.
Секој на различен начин си го има сфатено, секој на различен начин го толкува и перципира.
Токму поради тоа е возможно и реално.
Кога совршенството го земаме по сопствените мерила можеме и да го достигнеме.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Токму поради тоа е возможно и реално.
Кога совршенството го земаме по сопствените мерила можеме и да го достигнеме.
Се додека не дојде некој однадвор и ни го руши сето тоа. :)
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Ете зошто понекогаш екцесивноста и променливоста се убава работа, никој не може да го сруши она што константно се менува. :)
Nice nice nice...
Pozdrav do doticniot vo sekoj slucaj...

A... da... Savrshenstvoto e vo nesavrshenstvoto... vo promenlivo konstantnoto, ili konstantno promenlivoto... Ne mi zameruj... Tastaturata ne mi cini :)
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Ете зошто понекогаш екцесивноста и променливоста се убава работа, никој не може да го сруши она што константно се менува. :)
Кој вели така? :)

Екцесивност?
Образложи што збор е тоа.

(Научив нов збор :vozbud:)
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
780
Поени од реакции
69
Целосно совршенство не постои, но може да си совршен во некои работи, а во други не, никој не е совршен нема совршени луѓе ниту имало ниту ќе има.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom