и колку те чинеше ова задоволство т.с решавање на проблемот
100€
DPF Off / EGR Off - 5000ден. ваѓање компјутер од кола врзување на лаптоп за да се направи ремап, наводно 2-3 сати процедура, толку време се мотав дур се јавија да си ја подигнам колата.
Ваѓање DPF - 1000ден. извадија лонецот искршија ситото и пак вратија лонецот кај што си стои.
Бонус по недела дена отидов на технички чисто од љубопитност со назнака посебно внимание да проверат на издувните гасови.
Се во граници на нормала.
На крај на тој што се знам му кажувам што како - Се изнасмеа и рече:
"Aко се водиме по стриктни регулативи треба 1/3 од возниот парк во државава да го пратиме директно на отпад." мислејќи на возила од '90тите и рани '00ти кои едвај се тркалаат по патиштава....
"Никого не охрабруваме да ваѓа еко филтри и нештото е сведено на морален аспект ама дека ќе се сети нешто на 1.3 Mjet со или без DPF, никој да не те лаже. Ако правиш модификации разлика се осеќа повеќе кај бензинците, бидејќи тие и повеќе загадуваат."
"На крај државава нема регулативи во Законот за Јавен Превоз и ти ако си комерцијално возило, комбе или таксист може да возиш ќумбе од возило произведено 1998-ма и со него да правиш 100.000км годишно. Кога тој не е подложен на филтрација и контрола за загадување што останало за обичен граѓанин кои трипати во годината ќе појде до Скопје или Охрид и назад и рестото му се 3-4км вожња во која колата не стасува ни да го загрее моторот како треба.