Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Епа тоа, каде да одам да ми проверат, да видат, се распрашував нигде не најдов некој што може да ми среди работа. А до осигурачите не е 100%, ги проверив.
Да ме убиеш неможам да ти помогнам за Скопје. Ниту еден мајстор незнам каде има, а сите сервиси и слични тракатанци ги прам во Битола. Така да, некој шо знае да се кажи нема да биди лошо.
 
Каде би можел да најдам десен заден штоп и десен ретровизор за VW Polo 6n, а да не ми бараат за штопот по 3000 денари.
 
Барав на авто пазарот во Скопје пред 2 години, и од тогаш немам барано.
 
Дали ако е царинето возилото мора и да се регистрира до завршувањето на законот за царинење??????
 
Kaj ima nekade otpad nekoj za kamioni takvi raboti avtobusi. Imeno mi treba bocata sto e za vozduh za kocnicite pravam kompresorce edno od motor od frizider pa takva najvise bi mi odgovarala bidejki ima priklucoci za crevata. ili nekoja ideja ako imate okolu toa kazete
 
Централното на ровер 200 не работи. од што може да биде/ има ли нешто осигурач за него или што?
 
Централното на ровер 200 не работи. од што може да биде/ има ли нешто осигурач за него или што?


неколку причини за не рабитење на централното на било која кола:
-рикавела осигурач
-батерија на даљинско празна
-откачена жица од антената на централното
-изместена фреквенција заради ослабен акумулатор
 
која марка/модел на автомобил пружа најмногу кога го купуваш на старо?
значи која марка/модел е најдобра да се купи кога веќе не купуваш ново ами половно возило?
 
неколку причини за не рабитење на централното на било која кола:
-рикавела осигурач
-батерија на даљинско празна
-откачена жица од антената на централното
-изместена фреквенција заради ослабен акумулатор

А како може да се пренамести фрекфенцијата ако е тоа?
 
А како може да се пренамести фрекфенцијата ако е тоа?

долга и макотрпна работа е тоа... ама под услов се претходно да си проверил и да си констатирал дека е до тоа. прво проверете се по ред (електричар се разбира) па после да се дискутира околу фреквенции...
 
која марка/модел на автомобил пружа најмногу кога го купуваш на старо?
значи која марка/модел е најдобра да се купи кога веќе не купуваш ново ами половно возило?
Купи Гољф 4... има да го возиш 40 години ништо да не смениш. Гарантирано.

Шега на страна, зависи многу од тоа колку кеш си спремен да дадеш и која класа на возила те интересира. Вака можиме да лупаме колку сакаш, мада Мерцедес, БМВ и Ауди немаат промаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom