Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
ете... за цената не бев информиран, сум згрешил... а покрај тоа што пишува релацијата, пишува ли датум за кога е, или на пример од-до времетраење за да се искористи?
Да, пишува датум на издавање...
 
Фала на сите одговори.
Прашав, 1500 денари се. Ама многу се тоа само за хартија :)
 
Ех онак, небаре не знаеш какви се овие во сервисите. Пример овие фирмиве што се за плин местење се фалат дека во текот на работниот ден ќе ми го наместат плинот, ама мало морген тоа. Сигурно 2 дена минимум ќе поминат дур да го наместат. Не дека не можат, ама сакаат одеднаш 5 коли да фатат и да ги наместат елементите. Епа неможи така.

Мислат дека ако фатат 5 коли одеднаш ќе ја завршат работата побрзо. Само ја прават колата неспособна за возење и ти прават нерва дур да си ја земиш.

То е то. Македонче...




Бев на пат некое време, и што све се изнапиша...
,,Volkswagen”, лично, не ми се допаѓа постов, ја коментирате работата на сервис кој работи со плински уреди а ниту сте биле овде, ниту сте ја работеле таа дејност. Доколку би монтирале по едно возило на ден, би ви закажале за 10-15 дена, и повторно возилото би го задржале цел ден. Имено, Фиат 1300 се монтира отприлика за околу саат време, откако ке се калибрира на гас, пробното возење, и проверките на непропустливост, дали ке го исфрли воздухот од системот за ладење на моторот...., се остава да се олади неколку саати и повторно стартува на гас. Тоа се возила со дотраена електрична инсталација на висок напон, дотраен стартер (анлансер), и постои веројатност да наутро кога моторот е ладен не стартува на гас. Во секој случај не си во право дека ке ти направи некој нерва дур си ја земиш.

За половен плински уред, пријател остави застава 101 кај нас со плински уред. Заставата е за отпад, уредот е солиден и во исправна состојба. Ловато уред, редукторот е 2006 год, резервоарот е 2001 год, сеуште поминува на атест, може да поминеш да го погледнеш (тука сум и јас) или можам да закачам слики на нет. За цена, можам да ти испратам телефон од сопственикот на ,,пп”, или напиши колку ги продаваат на пазар3, за да му предложам цена. Уредот одговара за фиат 1300, мешачот гас/воздух од заставата ќе го земам, ќе ти дадам за фиат. За Монтажа, може кај нас, или со ,,onak”, да се договориш, тој се понуди, ќе ви дадам инструкции каде да ги прицврстите деловите, уредот има спецификација за вградени делови, во забелешка ќе напишеме дека е прфрлен на твоето возило и ќе ви ставам печат.
Поздрав

--- надополнето ---

Kолку се движат плинските уреди? Ми треба за Fiat Bravo 1.4 1998год.

Уред кој генерациски припага на Fiat Bravo 1.4 1998год:
-Доколку е монопоинт вбризгување со резервоар место резервното тркало 435 еур.
-________ мултипоинт вбризгување ________________________________ 570 еур.
 
Случајно, налетав на нешто вакво за мерџан... Некои 50 долари се двете + поштарина.
!B2CtjKwBGk~$(KGrHqQOKjIE)N2fDhqdBMg8Wou6cg~~_35.JPG



Туку прашањето ми е, како се викаат лајсните на венците и праговите? Ми фалат неколку од праговите, па ќе морам сите комплет да ги сменам.
2_252733863_360_6004_.jpg

Се убив од барање никако неможам да сконтам кое му е англиското име и дали ги има на e-bay па ако порачвам да ги земам се наеднаш и да платам помалку поштарини и маткања по шалтери.
 
Imam prasanje za onie koi imaat ili se razbiraat vo volkswagen.Vcera kupiv polo i nekako go imam ukluceno zadniot brisac i nikako nemozam da najdam kaj se gasi :kesa: .Ako moze nekoj da mi kaze ke mu bidam blagodaren :pipi:
 
Туку прашањето ми е, како се викаат лајсните на венците и праговите? Ми фалат неколку од праговите, па ќе морам сите комплет да ги сменам.
Arch trim - венците
Side Skirts - праговите
:wink:
 
Imam prasanje za onie koi imaat ili se razbiraat vo volkswagen.Vcera kupiv polo i nekako go imam ukluceno zadniot brisac i nikako nemozam da najdam kaj se gasi :kesa: .Ako moze nekoj da mi kaze ke mu bidam blagodaren :pipi:

на самата ракета за бришачите предни, мора да има копче кое иде лево десно за задниот. незнам за полото конкретно ама на сите коли е така... или е од горна страна, или е од долна или од преавец према шалт табла, ама битно на ракетата е. и нај често, тешко се приметува. мора да е таму...
 
Бришачите ми работат само на најбрзо, а на најспоро и на средно не реагира палката. По продавнициве нигде не најдов да купам цела палка (оди заедно со копчето за 4 жмигавци) ама копчето е од потесните, не е оние сплеснати и широки и баш затоа не ми пасуваат палките од Голф.

Имам Ibiza 1995

Или па да има некој некаде да ми го среди проблемов (и цена ако може)
 
а сигурен си дека палката т.е. ракетата ти е расипана? иначе тешко дека некој тоа ке ти го поправа...
 
Бришачите ми работат само на најбрзо, а на најспоро и на средно не реагира палката. По продавнициве нигде не најдов да купам цела палка (оди заедно со копчето за 4 жмигавци) ама копчето е од потесните, не е оние сплеснати и широки и баш затоа не ми пасуваат палките од Голф.

Имам Ibiza 1995
Можно е релето да те заебава, а ракетата да е исправна... Сепак тоа треба да се провери, да не лупаме само на памет.
 
СУГЕСТИЈА:Каков антифриз да му ставам на ПЕЖО 306 XР 1.4 ИНЏЕКШН и колку отприлика чини
 
Можно е релето да те заебава, а ракетата да е исправна... Сепак тоа треба да се провери, да не лупаме само на памет.

Епа тоа, каде да одам да ми проверат, да видат, се распрашував нигде не најдов некој што може да ми среди работа. А до осигурачите не е 100%, ги проверив.
 
Бев на пат некое време, и што све се изнапиша...
,,Volkswagen”, лично, не ми се допаѓа постов, ја коментирате работата на сервис кој работи со плински уреди а ниту сте биле овде, ниту сте ја работеле таа дејност.


Спомнав јас некаде Плимонт? Во Скопје само исконтактирав со 5 фирми. Добивав одговори од 1 саат до 1 ден.

Не е ни битно. И два дена не се многу, ако системот работи се како што треба.

Прати ми ПП ако имаш контакт од човекот па да договориме монтажа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom