Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Па шознам, размислувам за BMW со фул опрема од 2006 год? Мада само гласно размислувам сега за сега :)

Епа види вака, ја викам да се види колку му бараат на тој модел од таа година кај нас, нормално регистриран нели и стави најмалку едно 1000-1500 евра помалку ке кошта ти да идеш и да си го донесеш ... за коли од 10 - 15 000 евра што им бараат кај нас, толку ставаат плус за да нели ти даде " попуст " при купувањето и да заработи некои 700-1000 евра од кола ...
 
Имам купено акумулатор Варта на колата пред 7 месеци, зимава не ја имав запалено од нова година до сега (во гаража) стоеше така и се испразнил акумулаторот. Дали е можно да е нешто проблем со акумулаторот или со инсталацијата во колата што „нов“ акумулатор се испразни до крај?
Похитно ми е, дали може да го ставам полнач за акумулатор на него и додека е полначот уклучен да ја запалам, а потоа да ја оставам да работи, или мора да стои акумулаторот на полначот па после да ставам клеми назад и да палам? Не сум полнел досега и незнам, ве молам за помош
Суво полнење инаку е акумулаторот.
 
Еднаш така палевме една кола,со полначот на акумулаторот,и се запалија каблите,за малку ќе ја запалевме цела кола..Твоја грешка чим не си го извадил акумулаторот од колата,или пак зошто не си ја палел на секои 10 дена по 2-3 минути да поработи..Ништо нема да изгубиш ако го полниш акумулаторот барем 12-15 часа,со полнач од 12 волти и пробај..Ако е отворен тип,обавезно да ги отвориш капачките и дотури дестилирана вода,ако е затворен надѕирај го да не експлодира..
 
Имам проблем со фаровите горниот дел на средното светло што треба да рефлектира е зацрнет и дава слаба светлина претпоставувам имаат ставано ксенон сијалици од кај што ја купив,има некое решение или нови фарови?За голф 4 се работи
 
Не бев во куќата јас цели 2 месеци, другите не возат. Фала на совет, го извадов пред 2 часа и го ставив да се полни. :)
 
Да ги извадиш,исчистиш исполираш и ќе се врати сјајот..[DOUBLEPOST=1423348324][/DOUBLEPOST]
Не бев во куќата јас цели 2 месеци, другите не возат. Фала на совет, го извадов пред 2 часа и го ставив да се полни. :)

Арно си направил,ѕиркај од време на време,не смее да шушти или да зуе..
 
Имам проблем со фаровите горниот дел на средното светло што треба да рефлектира е зацрнет и дава слаба светлина претпоставувам имаат ставано ксенон сијалици од кај што ја купив,има некое решение или нови фарови?За голф 4 се работи

Е ако е зацрнето може и ке се исчисти, ама за да поцрни тоа треба голема температура за да изгори и да поцрни ... ако е многу изгорено и испукано и почнало да се лупи тоа е веќе проблем ... Тоа обично се случува кога ке земат и ке стават појаки сијалици од што треба, на пример ставаат 80 и 100 ватни сијалици наместо 55 ватни, а не џабе си вика таму 12 волти 55 вати сијалица да се користи ... Сеедно ке треба да се растурат, сега дали се нафаќаш на тоа незнам, ке мора да ги ставиш во печка да омекне тоа лепакот што е залепено стаклото напред и полека додека е топло со ракавици да ги отвориш, проблемот е после кога треба да се состават дали ке ги залепиш добро да не почне па вода да ти пушта внатре ...
 
Јас навистина не знам каде да го поставам прашањево, се утепав од гуглање и ништо, ако некој помогне, многу ќе го сакам :)

Која е колава?
Counting.Cars.S03E23.jpg

Ја имаше на Counting Cars, сезона 3 епизода 23, или - The great car hunt

Не можам никако да се сетам.

Благодарам однапред :)
 
1959 chevrolet impala
 
Дечки каде можам да најдам и колку би била од прилика ваква решетка ( така белким се викаат) за Опел Вектра А?

1131008-1.jpg

или

frontgrill-ohne-logo-fuer-opel-vectra-a-81533-0.jpg
 
Оригиналната решетка е 100 пати боља, оваа жица ќе ја ставаш???
 
ова втората мие некако поуба на сличето од колата, жицата е ко скара таја првата :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom