Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво! Дали знае некој каде можам да најдам предно и задно десно подкрило за Тојота Рав4 2.0 бензин 2007 годиште?
 
Ко ќе ја спуштам рачната, прво треба да стапнам кумплунг кочница или прво да ја спуштам рачната?

Кумплунгот до доле, менувачот во прва, лев жмигавец, поглед во ретровизорот, полека го отпушташ кумплунгот. Додека осеќаш како каросеријата се подигнува, ја отпушташ рачната кочница (кога тргнуваш на нагорнина).

Ако е рамно, ја отпушташ рачната, па потоа го отпушташ кумплунгот. :-)
 
Прашање: Знам дека од 96та е воведено моторите на возилата да се еуро2 стандарт. Имам Волво s40 од 97(кое ВАЉДА има еуро2) ама попусто никаде неможам да најдам дали е еуро 2 моторот. Мислам дека во Мк можеш да увезеш возило ако е моторот еуро2 и нагоре. Точно ли е тоа или не. И ако некој знае кој стандарт го носи волвово. Баш би сакал да можам да си го донесам мк ....љубов :D
 
Баш пасат и ауди а4 нема да најдеш сочувани нити со реални километражи
90% се згазени од возење полни со скриени дефекти а оние добрите не ги ни продаваат си ги возат луѓето
значи саглам да најдеш е џекпот како да си добил

автоплацеви не носат квалитетни возила ... сите го имаат истиот муабет (ќе раскажам случка)

најдобро е при купување да носиш мајстор или да ја однесеш колата на сервис да ја проверат визуелно и да ја поврзат на дијагностика да ти кажат како стојат работите со неа

подобро е да земе леон, подобра изработка, помалку ќе троши, поубаво изгледа итн ... моторите се оние од волксваген така да нема грешка
значи најдобро земи нешто од поново годиште со помалку км и за повеќе пари отколку утепан гољф, пасат, ауди или мерцедес ;)
зависи до која цена бараш ... разгледај по олгасиве (реклама5 или пазар3) има и доста возила од мк купено со малку км поминато[DOUBLEPOST=1396112308][/DOUBLEPOST]
Отидов да ја видам вчера ...
визуелно е ок и внатре и надвор
е сега сигурно нема 100.000 км ... сменети и се тазе папучите на педаљите и некои такви ситници што се трошат
моторот перен, електира пробав на стакла не мрда, радиото не работи, клима богзнае ...
шалт таблата свети Check engine, моторчето, аигбегови ...

и на сите плацови фраерите имаат исти муабет
абе немаше ништо кога ја донесовме ... изглеа дека го вадевме акумулаторот/ клемата бла бла ... радиото работеше грмеше незнам сега што му е

така да одлучув дека ќе си ја чувам колата, од преваранти да неможеш да се добраниш од сите страни

Бегај подалеку чим е таква работата
 
Objasni prvo so sakas da napravis pa ke ti objasneme.
Пример, тргнувам на рамно ама рачната е крената. Сакам да го знам правилниот редослед на нештата,пример: стегам кумплунг па кочница (за да не се подврати назад ако е ептен мало угорниче) па дури на крај спуштам рачна; или пак најпрво спуштам рачна па после кумплунг па кочница?
Се надевам ќе ме разберите.
 
Пример, тргнувам на рамно ама рачната е крената. Сакам да го знам правилниот редослед на нештата,пример: стегам кумплунг па кочница (за да не се подврати назад ако е ептен мало угорниче) па дури на крај спуштам рачна; или пак најпрво спуштам рачна па после кумплунг па кочница?
Се надевам ќе ме разберите.

Зошто на рамно рачна да креваш?Па и да ја кренеш,јас обично ја пуштам,ја вадам во лер и ја палам,и во гаража кога ми стои во лер,и во лер ја палам стално.На ептен мало угорниче ја кревам на 3-4 заба,скоро секогаш ми е во брзина,ја вадам во лер,држам на кочница,ја пуштам рачната претходно палам и тргам.Ти што сакаш да го направиш треба да биде истовремено,чим колата ти е на угорниче во брзина и под рачна..Прво..влегуваш во колата,стискаш кумплуг до доле,ја палиш,колата си работи во место на благо угорниче како што си замислил,даваш полека на гаста,додека да дојде до кај 2500 обртаи,кога ќе почне веќе да се гуши и ќе осетиш кога ќе почне да трга,брзо ја пушташ рачната и полека тргаш,само нежно прави,да не ти зашлјафува малку..Мене овака некако ме учеше инструкторот и немав проблеми,сепак пред 2 и пол години полагав,не беше вчера.А ниеднаш не сум го применил тој метод на тргање на нагорнина со рачна,пошто гас-кумплуг ми е увежбано.
 
Пример, тргнувам на рамно ама рачната е крената. Сакам да го знам правилниот редослед на нештата,пример: стегам кумплунг па кочница (за да не се подврати назад ако е ептен мало угорниче) па дури на крај спуштам рачна; или пак најпрво спуштам рачна па после кумплунг па кочница?
Се надевам ќе ме разберите.
По прашањава се гледа дека се спремаш за да полагаш :) На полагање кога ќе влезеш,рачната е крената. Ставаш во брзина спушташ рачна и тргаш.Доколку колата ти е на угорница,мала-голема(сеедно), ќе ја оставиш рачната крената, ќе ставиш во брзина и полека ќе го пушташ кумплугот. Кога ќе осетиш дека колата сака да тргне напред(најчесто се поднаведнува колата наназад кога пробуваш да тргнеш со крената рачна :) ) спушташ рачна и шибаш(на полигон не е страшно,барем ја кога полагав, ако ти шлајфува колата кога ќе тргнеш. Само не смее наназад да се врати). За болдираново што си го пишал, ти треба уште една нога за гаста :D Мислам можеш да тргнеш на мала угорница и само со кумплунг ама голема е веројатноста да ти изгаси :D
 
Да, се спремам за полагање. Фала, ми помогнавте. :D
 
Да, се спремам за полагање. Фала, ми помогнавте. :D

Најубаво чим тоа ти е терсен малку,вежбајте со инструкторот повеќе,или објасни му дека ти е проблем тоа..Кога ќе полагаш полигон праксата е важна,не теоријата..Само со вежбање ќе го усовршиш..Рачунај дека и да поминеш некако на полигонот,градска кога ќе возиш секако ќе те отераат на некоја нагорнина да видат како тргаш со рачна..Сепак 3000 денари спремај си да поминеш од втора.
 
Сакам да земам некоја ефтина кола до кај 500-1000 евра за да не ме боли срце кога по паркинзи ќе ми ја загребат. Сакам да ја земам регистрирана.
Е сега што се случува со техничкиот и регистрацијата? Дали кога ќе ја префрлам на мое име остануваат да важат?
 
Е сега што се случува со техничкиот и регистрацијата? Дали кога ќе ја префрлам на мое име остануваат да важат?

Важат до следниот термин за регистрација, после ќе мора да си ја регистрираш на твое име и да смениш таблици.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom