Благоев
The Spartan General
- Член од
- 8 јануари 2014
- Мислења
- 1.357
- Поени од реакции
- 2.087
Cruise, третото е точно, тоа се одговори од МВР, само не ми беше јасно зошто е така.
Благоев, фала. Значи, бидејќи има паркирано на тротоар, затоа е погрешно. А, дозволено е да се паркираш (онака како што треба) на место каде што има полна линија или забрането е тоа?
Треба да ги разликуваш поимите запирање и паркирање. Тука запирањето и паркирањето е забрането, затоа што запирањето и паркирањето на тротоар е забрането.
Запирањето според новиот закон трае 3 минути (иако по стариот траеше 15 минути). Тоа е направено за да можат паркинзите да наплатуваат за 15 минути стоење. Со други зборови, за собирање пари од народот.
Паркирањето е, секое запирање подолго од 3 минути, моторот е изгасен, рачната сопирачка е вклучена.
Сега малку за полната/испрекинатата линија.
Полната линија забранува другите учесници во сообраќајост да те заобиколуваат, преминуваат од лево затоа што е забрането да се гази/преминува преку неа.
На испрекинатата линија дозволува другите учесници во сообраќајот да те заобиколуваат/преминуваат од лево. Ама, тоа не значи дека ти е дозволено запирање и паркирање на десната страна на коловозната лента. Запирање и паркирање е дозволено само на места предозначени за таа работа.
Лична моја препорака не за тест, а за возење, никогаш не запирај/паркирај на други места, освен за местата означени за запирање паркирање. Побезбедно е така, и нема да се мислиш дали прекршуваш правила или не.