Пасат 1.9 ТДИ (110 КС), `96та година; на шалт таблата (на екранчето каде што е бројчаникот за километри) се појавува порака "SERVICE OIL" при секое стартување на колата (по кратко време се гаси). Нивото на уље ми се чини е во ред, но можно е и да се намалува по малку. Колата е сервисирана пред 3 месеци, оттогаш се поминати скоро 5000 км. Што може да е проблемот?
--- надополнето: 1 септември 2013 во 14:37 ---
Заборавив да додадам - веќе подолго време (повеќе месеци, можеби и година) при забрзување, посебно на нагорнини, се слуша еден груб метален звук - ми се чини како некое грубо стругање. Се мислев дека можеби доаѓа од турбината? Инаку, при последниот сервис пред три месеци, механичарот рече дека колата не трошела уље.
--- надополнето: 1 септември 2013 во 14:38 ---
ПС. Загуба на сила кај колата немам приметено.
--- надополнето: 1 септември 2013 во 14:42 ---
ППС. Дали е нешто слично како ова:
http://www.myturbodiesel.com/forum/f5/passat-b5-2-0-tdi-turbo-problem-15867/ ? Додуша, јас не слушам "clicking noise" од турбото, туку, како што реков, звук на стругање или грчење (не знам како точно да го опишам).