Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Редовно користиш адитив на секое полнење на резервоарот? Читав некаде дека препорачувале 2 до 3 пати годишно да се користи за цел резервоар.
Моето искуство беше претежно за бензински мотори и затнати карбуратори (од неквалитетен бензин или од стоење незапалени со години). Инаку што адитиви ставаш во дизелот и како се дозираат? Јас имам 3 коли, сите се дизел па не ми текнало да ставам адитив во горивото, додуша и сум немал проблеми со старт во ладно...(ама исклучиво евро дизел турам) Има некоја разлика во потрошувачката?Е сега еве едно спротивно, од лично искуство тврдење:
Пред 2-3 месеци купив Golf-3 desel со поминати 230000км. Редовно му ставам во резервоарот адитив за дизел гориво. Пред да почнам со тој третман на горивото, знаеше на стuдено да запали после 2 верглања, додека загрее чадеше, имаше големи вибрации и потреси додека постигне температура од 65 степени. Одкако користам адитив при секое полнење на гориво сите наброени симптоми ги нема, моторот работи помирно, подобро и полесно забрзува, а од чадењето нема ни трага дури ни при голем број вртежи на сеуште незагреан мотор...па ти види!![]()
Имам SEAT Cordoba 1.4 Stylance со 85 hp.Предните кочници се дискови,а задните се барабани.Ова го приметив пред некое време кога ги сменив бандашите,и место оние stock бандаши ставив Alessio Sport Promotion (многу убаво и стојат на колата).
Прашањето е:дали е паметно да ги сменам и задните кочници,т.е. место барабани да ставам дискови и назад?Се мислам дали да се информирам деновиве во Ка-Дис за такво нешто (во случај да се одлучам за таква промена би ја извршил во нивниот сервис)
Мислења молам?
Дечки, прашање. Дали знаете колку пари е менување на задно светло на пежо 207 и каде може да најдам овластен сервисер? Фала однапред![]()
Ааааа, САМА не верувам дека ќе го смениш, ама некој ако ти помогне, може и да биде работа. Навистина не е комплицирано.Скршено е, а за сама да го менувам, не верувам дека ќе знамАко е голема разликата меѓу нарачано од Грција и од овластените, веројатно ќе нарачам.. Фала за информацијата во секој случај
![]()
Ќе ти кажам за хди моторите, татко ми има 2.0 хди, пројдено 140.000 ништо се нема случено(квар), потрошувачката е мала,6-6.5 литри (зборам за ксара). Искрено ц3 ми е поубава однадвор ама хондата внатре е мераци според мене, но сигурно хондата ти е бензинец па ќе ти троооошиCitroen C3 1.4 HDI кој троши 5.5 нафта или Honda Jazz која е поубава на изглед, има автоматска клима, радио, абс (ц3 во понудата нема), ретровизори во боја на каросерија, аудио команди на волан и сл. Другото им е мање више исто. Дајте некое размислување треба до петок да се одлучам што сакам.