Вака сега... За тоа со чистење на моторот што се додава во маслото. Од една страна е ефикасно да, чисти. Но од друга страна за стари мотори не се препорачува. Зошто? Стариот мотор има гареж и ѓубре од согорувањето на кариките (компресионите прстени), и тој гареж донекаде ја држи компресијата. Ако го исчистиш, едноставно не знаеш што ке се деси. Може моторот да си е супер, но може да се деси следново: Имаше случај мотор на кола гром, става чистач, моторот за 300 км, почна да троши масло, почна да вади сив чад. Како е тоа возможно? Е така, падна гарежот од кариките, гарежот наталожен по жлебовите од цилиндрите и автоматски се отвори повеќе простор=намалување на компресијата. Ова е само мој поглед на работите, немора да е така

Ако има некој искуство со ова слободно нека пише.
Адитивите за прочистување на горивото, имаат некој мал, незабележителе ефект, ако ти е затнат препорачливо е да земеш да го отвориш и чистење рачно. Сепак, адитив неможе да стопи камен или песок.