Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Jaс би ти рекол да не го чепкаш, и да го оставиш таков каков што е.
Тоа е дел од техничката култура и наследство на овие простори, а такви Голфови нема веќе кажи-речи оставено во оригинална состојба.
Подобро оригинал, отколку некој мотика стајлинг.
Абе не мислев да го сменам целиот.Од надвор тоа си останува ист.Него внатре.Незнам дали се имаш возено али ептен е некако празен.Али немам идеа што можам да му додадам.Па затоа прашувам за идеа некој ако има менувано нешто кај ваков голф
 
Колку кошта еден Голф 4ка, увезен?
 
Абе не мислев да го сменам целиот.Од надвор тоа си останува ист.Него внатре.Незнам дали се имаш возено али ептен е некако празен.Али немам идеа што можам да му додадам.Па затоа прашувам за идеа некој ако има менувано нешто кај ваков голф
Па и за внатре ти велам, не е колата само однадвор...има и внатрешност, и моторен простор...гепек...
Таков, имам и возено, се имам и возено... а јас и не би се смеел онака потценувачки на таков подарок...напротив, би бил среќен, бидејќи добивам дел од автомобилистичката историја... Иако Голф од која и да било генерација никогаш не би купил :)
Верувај...90% од сите Голфови 1 во државата, а ти збориш за кец од 77 година со кратките штопови, се максимално измалтретирани и мотика стајлингувани, а ти како што велиш имаш сосема пристоен примерок.
Верувај, вреди да се задржи во потполна оригиналност, многу повеќе ќе вреди и ќе биде ценет отколку со седишта од Голф 2 на пр. табла од Голф 3 или слично...
Остави ја колата како спомен на едно време и една култура.
Ако веќе толку многу сакаш, најди некој крш и ставај му што и како сакаш.
Ова е само еден добронамерен совет, кој, се разбира, можеш, но и не мораш да го послушаш. :)
 
имам застава 128..сакам да наместам обртометар, најдов еден од лада и го поставив ама не кажува како што треба многу е тром..можи некој да ми помогни во врска со ова???
 
Абе не мислев да го сменам целиот.Од надвор тоа си останува ист.Него внатре.Незнам дали се имаш возено али ептен е некако празен.Али немам идеа што можам да му додадам.Па затоа прашувам за идеа некој ако има менувано нешто кај ваков голф
Дај ако сакаш стави некоја слика да го видиме барем во каква состојба е, пофали се...
 
Да прашам нешто имам Рено Клио 2000 година е сеа го нема оригиналното радио и дали тоа пречи што во индикаторот за температура и за време не ми покажува температура и дали може тоа да го решам со ова радио што го имам и како што треба да поврзам со ова радио???
 
а функционираат ли тие индикатори т.е. покажуваат ли нешто или се на нула т.е. исклучени? да не е прегорен некој осигурач т.е. да немаат струја во себе?
 
Да прашам заинтересиран сум да купам кола SEAT Ibiza 2000 година,јас како што знам Seat имаат мотор од Golf (НЕЗНАМ ДАЛИ СУМ ВО ПРАВО ИЛИ ГРЕШАМ) ?
И се разбира да ми предложите совет за кола до кај 2000 евра(во Бугарија)+околу 800 царина , сакам да одам неделава во Бугарија.
Разгледувам Renault Clio,Renault Megane,Fiat Punto,Opel Corsa,Opel Astra ili Pegeot 206. Ако можете позитивни и негативни коментари за коливе
од аспект цена на одржавање,скапи делови, потрошувачка на гориво.
 
Друже .. од коливе што си ги глеал .. би ти ги препорачал Opel .. за делеви се многу поевтини од овие французиве .. а за потрошња .. па сеа зависи каков мотор ке земеш .. ама општо гледано корсата градска торши околу 6л .. а астрата до кај 7 - 7.5л ! :) И ти препорачувам пошо глеам не се разбираш многу у коли да си земеш некој што се разбира коа ке купуваш .. пошто комшијата мој се фалеше дека се разбира не отидов со него .. и му увалиле пасат со 500 000 ем и лупан ! : ))
 
а функционираат ли тие индикатори т.е. покажуваат ли нешто или се на нула т.е. исклучени? да не е прегорен некој осигурач т.е. да немаат струја во себе?

Покажуваат само часот.
 
е ај кога сме веке кај часот...
форд фиеста 2004та... саатот ми касни ептен :) од каде се напојува ? валда не е од некоја посебна батерија чим касни толку... кај се наоѓа како да ја сменам ? денес ако го наместам утреденте веќе 3 - 4 саати касни :)
 
Абе не мислев да го сменам целиот.Од надвор тоа си останува ист.Него внатре.Незнам дали се имаш возено али ептен е некако празен.Али немам идеа што можам да му додадам.Па затоа прашувам за идеа некој ако има менувано нешто кај ваков голф

Можеш да му упасираш шалт табла од голф 2-ка ... другар имаше на кец ставено од голф 2 GTI со дигитална километража :)

Golf2.GTI.12.jpg
 
Да си прашам, дали после промена на предни амортизери и спирали треба да се центрира предницата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom