Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
BMW 318/320 E90 атмосферец Benzin? Да земам или не? Само сакам да прашам, како се движат цените на делојте скапи/ефтини?
 
BMW 318/320 E90 атмосферец Benzin? Да земам или не? Само сакам да прашам, како се движат цените на делојте скапи/ефтини?
Бегај од бензинец таков ... многу проблеми не погоден мотор
Начекај 320д 163кс со добар замаец и мотор немој бензинецот
Деловите не се скапи до толку имаш и половни од растурени
 
BMW 318/320 E90 атмосферец Benzin? Да земам или не? Само сакам да прашам, како се движат цените на делојте скапи/ефтини?

Бмв ее 90 е оган скапо со делови. И имаат доста ситни дефекти, како врати, брави, прозори, клими кои откажуваат

И се тоа испод 50 евра не е.
Избегни го моделот. Од искуство кажувам. Не зборам за мотор, туку за каросериски делови како овие погоре. Сепак ако си спремен тоа да го платиш во случај на дефекти бмв е 90 е убаво ауто, кое има одлична вожња.

Ако би барал проверено јас би одел на ауди A4 B8 1.8, но мислам дека доста ќе ти биде поскапо од е 90. Евентуално ако е ауди можеш да најдеш од постарото B7.

Или мерцедес c180.
Мерцедесот е најквалитетен од сите овие 3 модели. И јас би го избрал него, иако е малку ентериерот безврска.
 
Последно уредено:
Дали е нормално Seat Ibiza 1.9tdi 101HP да троши 12 литри градска во зима?
 
Дали е нормално Seat Ibiza 1.9tdi 101HP да троши 12 литри градска во зима?

па реално од 8л не би требало повеќе, за 50 посто ти е зголемена потрошувачка
си проверил дали ти пушта од негде?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
здраво едно прашање во врска со менувачот кај голф 4 кога ке залади ми оди тешко како да мрзне некое објаснуваање? уље,кугли,сетот?
 
здраво едно прашање во врска со менувачот кај голф 4 кога ке залади ми оди тешко како да мрзне некое објаснуваање? уље,кугли,сетот?

Кога последен пат си менувал масло за менувачот??? Смени го маслото или дотури ако си зорт,но препорачано да менуваш маслото на ново


Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Некој да сподели искуство со „windforce“ - зимска гума?
 
Некој да сподели искуство со „windforce“ - зимска гума?
Те привлече името а? :rolleyes: Освен ако си во ептен зорт а мора да купиш гуми, ок, инаку не би одел со no-name сомнителни производители со ефтини цени. Барај, ако воопшто има, тестови од таа гума што ја бараш и ќе видиш дали ја бидува или не. Која димензија иначе ја бараш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom