Soccer Manager (Kajgana World)

  • Креатор на темата Креатор на темата .:makedonec:.
  • Време на започнување Време на започнување
Нема смисла јас најгласен да бидам за тебе а ја да иам дупли XD
Ќе си молчеф да беше така :Д
Сега видов си влегол во една лига кај што сум со Манчестер, си ги земал Сити... а буквално во исто време овој Хадлстоун си дал оставка кај Баерн и ги земал Ливерпул. Правите некои мучки со Хулахопката 100%. :D
 
Сега видов си влегол во една лига кај што сум со Манчестер, си ги земал Сити... а буквално во исто време овој Хадлстоун си дал оставка кај Баерн и ги земал Ливерпул. Правите некои мучки со Хулахопката 100%. :D
Формирај специјално јавно обвинителство :Д
 
Новиот Брајан Клаф заглави во биртија и се врати по дури 10-тина дена!


Поранешниот менаџер на Саутемптон Ивајло26 заглави во биртијата и се врати по долго време, дојде во тренинг кампот на Светците како ништо да не се случи но од таму наиде на затворена врата- во меѓувреме бил отпуштен а не го знаел тоа. Сепак, се излезе добро по Ивајло откако купи весник со последните 15 денари во џебот и виде оглас од Манчестер Сити кои бараат менаџер, по што експресно се пријави за да ги спаси од бездната во која се наоѓаат. Тие со раширени раце го прифатија поради добрите резултати во втората дивизија каде што забележа само 1 пораз. На клупата на Саутемптон ќе го наследи неговиот добар пријател Бошко Буха, и уште сега се шпекулира за трансферите на некои од “анонимните дечки“ во првата дивизија. На прашањето зошто го остави Саутемптон тој изјави:

“Да не се сфатиме погрешно, јас сеуште го сакам Сотон. Бев многу неодговорен во претходните 2 седмици и ги молам навивачите и управата да ми простат за тоа. Им укажав на најдобриот можен менаџер што е отворен за соработка и се надевам дека ќе го заврши она што јас го започнав- патот до првата дивизија која што несомнено ја заслужуваат моите момци. Пред мене е нов предизвик, Манчестер Сити е се поголем клуб и оваа работа ќе бара повеќе одговорност и дозволува помалку гршеки. Се надеваме дека ќе обезбедам опстанок во оваа бара полна со крокодили, и ќе успеам да докажам на фудбалскиот свет дека сум најдобриот менаџер во Англија по човекот со кој што сите ме споредуваат- Брајан Клаф“
 
Сега видов си влегол во една лига кај што сум со Манчестер, си ги земал Сити... а буквално во исто време овој Хадлстоун си дал оставка кај Баерн и ги земал Ливерпул. Правите некои мучки со Хулахопката 100%. :D
Се oгрaдувaм oд тoј случaј, јa еднa лигa игрaм сaмo :D
И нaјмaлце требa дa плaчеш, тише тaмo :D
 
Тренерот на Манчестер Јунајтед денеска одржа прес конференција во пресрет на 1/8 финалето од Кајгана Шилдот.


Господине Ѕвонко, Манчестер падна во последните месец дена. На што се должи лошата игра на вашиот тим?
- Добар ден на сите во салата.

Прво, мора ве исправам, бидејќи мојот тим не игра воопшто лошо. Да, имавме неколку киксеви во последните месец дена, но ако реално погледеме на работите, повеќе имаме проблем со реализацијата, отколку со играта. На сите три меча кои ги изигравме нерешено, против Јувентус, Дортмунд и Ливерпул, голманите на противниците беа избрани за МОТМ. Мојот тим ја заслужи победата на секој од овие три натпревари, но за жал налетавме на неверојатно расположени чувари на мрежата. Секако, јас лично овде само дуелот со Дортмунд на Олд Трафорд би го оквалификувал како кикс, поен во Торино и Ливерпул мислам дека е според планот од почетокот на сезоната.

Поразите дојдоа од Барселона и Баерн Минхен. Можеби ќе речете дека сум субјективен, но и овде игравме добро и заслуживме барем еден поен од овие 2 натпревари. Сепак, мора да бидам искрен и да признаам дека Барса и Баерн имаат неверојатни екипи и дека според мене, се главни фаворити за титулата.


Дали ова значи дека вие се откажавте од освојувањето на Кајгана лигата?
- Секако дека не. Јунајтед е тим кој никогаш не се откажува, но мора реално да гледаме на работите. Ние и Челзи имаме исто така супер екипи, но Барса и Баерн ги имаат најдобрите напаѓачи во лигата, кои можат да им донесат 3 поени на секој натпревар.


Што очекувате од вечерашниот меч? Дали ги слушнавте вестите за смената на тренерската позиција во Саутемптон?
- Вечерва мора да победиме. Прво, поради зголемување на самодовербата, и второ бидејќи Шилдот веќе навлегува во завршната фаза и финалето е се поблиску. Да, пред малку ме известија за случувањата во Саутемптон. Искрено, кога го видов ждребот, едвај чекав да дојде натпреварот, бидејќи ивајло26 е еден од малкуте луѓе од Лигава кои лично ги познавам. Точно пред недела дена се сретнавме последен пат и прокоментиравме за натпреваров. Сепак оди во поголем клуб и мислам дека за 10тина дена не очекува едно страшно градско дерби помеѓу Јунајтед и Сити. (трие раце)


Дали ќе го запознаете со животот во Манчестер кога веќе споменавте дека и лично се познавате?
- Па искрено, планирав да го поканам на домашно (Валандовско) вино кај мене во канцеларија, но бидејќи слушнав дека има проблеми со пиењето, најверојатно ќе одиме на лимонада.
 
Ги потроши читовите ???:D Све помалце и помалце црвени картони гледам.:LOL::LOL::LOL:

















куцам у дрво три пути.:icon_mrgr:
Сеа гледаш пола тим у аут вечер ххахахах

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Сеа гледаш пола тим у аут вечер ххахахах

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
Од тоа се плашам највише, го скршиов регалот од буково дрво од куцање и свеќа ќе палам ако треба, не да нема време цела бела технологија да му се расипе.:D
 
Како да сум претплатен на натпревари против ПСЖ 1/4 финале во шилдот против ПСЖ, а денеска лабаво против Билбао со 1-3 :D
Се надевам дека ке продолжата вака во лигава време е да се оправиме :3
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom