Јунајтед и Наполи паднаа, нема веќе непоразени екипи во Кајгана Светот
Пеналот на Лео Меси го одлучи дербито на врвот помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед. Ѓаволите беа добар противник, но дојде редот да го забележат својот прв пораз во Кајгана Лигата. Од друга страна, екипата на Барселона ја продолжи неверојатната серија, од сега за сега 11 победи по ред и се одлепи на првата позиција на табелата. Баерн и Челзи го искористија киксот на Јунајтед и со убедливите победи против Валенсија (4-0) и Дортмунд (5-2) се искачија на втората, односно третата позиција. Ова е трет натпревар во низа на кој играчите на Челзи постигнуваат барем 5 погодоци.
Женското дерби, помеѓу Фросина и Ека и припадна на домаќинката. Мечот заврши со резултат 2-1, а двата гола за Волфсбург ги постигнаа Абубакар и Фекир, со што потврдија дека Ilumious има одличен њух за трансфери. Во италијанскиот дуел блескаше Родриго Паласио. Аргентинецот најпрво го израмни резултатот, за во 89тата минута да му донесе победа од 2-1 на својот Интер, против екипата на Рома. Јувентус конечно победи, а Милан-Арсенал и ПСЖ-Бенфика изиграа досадни 0-0.
За крај, хет-трик хероите. Гилфи Сигурдсон го постигна својот прв хет-трик во кариерата на гостувањето во Манчестер Сити. Ширле на истиот меч продолжи со одличната форма, и со своите 2 гола ја комплетираше петардата, после која менаџерот на Манчестер Сити си поднесе оставка. Во Мадридското дерби, помеѓу Атлетико и Реал, Дидије Дрогба беше човек на натпреварот. Неговите 3 гола му помогнаа на кралскиот клуб да го понижи ривалот, во натпревар кој тренерот на Реал, Донев го проследи од дома бидејќи, неофицијално, имал проблеми со стомакот.
Резултати:
Табела:
И Втората лига остана без непоразени екипи. Мартин, новиот тренер на Севиља и самиот неможеше да посака подобар страт, од победата против лидерот Наполи. Евертон повторно киксна, а Шалке овој пат го искорсти киксот на карамелите и со победата од 2-1 против Селта се искачи на втората позиција. Лестер славеше рутнски во Киев, а Саутемптон се врати на победничките патеки благодарение на головите на Лонг и Класи.
Како што веќе и сите знаете си поднесов оставка во четвртокот послем двата порази од Свонси. Мојата оставка е самостојна и управата немаше никаков удел во сето тоа. Едноставно поразиве од Свонси ја прелија чашата, изгубив живци и немам намера да продолжам да се расправам со поголемиот дел од играчите. Јас им дадов шанса веќе десетина меча и они немат абер да почнат да играат барем од малце. Наместо да се сконцентрираат на теренот они повеќе беа сконцентрирани кон парите и расправиите со мене. Еј Свонси на два пати ги декласираше и тоа на домашен терен.
Со среќа на тој што ќе ме наследи, ма да ни среќа не го спасува од пропалициве. Фала му на Харт,само он вистински се бореше за клубот.
После една недела неактивност, во која сум изгубил од Свонси и Јуве и ми се повредиле 3ца играчи, денес конечно победа од 0-3 против Дортмунд и тоа со скоро втор тим, оти првиот ми беше недоволно меч-фит.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.