дај линк и објасни ми на кратко. Немам работа, имам време да продавам ако сакаш...
Не сум играл ова ја, мислев на другата, ова играв
http://us.onlinesoccermanager.com/
Што е ова јеботе. И јас сакам кратко објаснување. Ако е добро објаснувањето, можеби ќе размислам дали да размислам да се приклучам.
Oкеј ај пред да ја отворам лигата да ви подобјаснам како одат работите.
Прво, правиш акаунт нормално. Со секој акаунт добиваш право на 3 клуба. Значи вие ќе земете еден кај мене за да играме заедно, и уште 2 може да си најдете кај сакате. Има разни видови на Шампионати, ама јас ќе отворам World Championship, каде ќе ги има сите најјаки екипи од разни држави низ светов.
Еден World Championship има 4 Дивизии во кои се поделени екипите, по јачина во главно. 20 екипи во една Дивизија, 38 кола, последните 3 испаѓаат ниво подолу. Promotion-от им е направен како во Чемпионшип во Англија, првите 2 тима дирекно ниво погоре, од 3то до 6то играат плеј оф.
Освен Лигата, си има и 2 купа (на нашки кажано ФА и Мики Маус куп
). Има и нешто како ЛШ и Лига Европа ама за таму да можеш да ја менаџираш екипата ти треба претплата, па оставена е на "асистентот". Сепак, во случај да освои твојата екипа ти се брои тебе како титула.
Да одиме сега на некои поважни работи:
- Екипите се релани, составени од моменталните играчи.
- Секој играч си има рејтинг и цена. Рејтингот и цената на играчот се одредуваат од нивните настапи во живо. (пример пред некој ден рипнаа Марез и Варди на 89, Руни и Швајнштајгер паднаа на 93 и слично).
- Цените се базираат на рејтингот, годините и дали играчот е задоволен од неговата позиција во клубот. Повеќе влијаат годините според мене, бидејќи Депај со 90 рејтинг вреди 30 милиони, а Керик со 92 е едно 5-6 милиони. Во врска со третото, пример Фелаини го имам во Манчестер не го играм уопште, после одреден период тој израдува незадоволство (player concern level 1) и му паѓа цената. Така оди до левел 4, кога најверојатно му се раскинува договорот.
- Во врска со трансферите, има едно големо олеснување. Ако некој клуб е без менаџер (unmanaged), т.е. компјутерот го "менаџира" доволно е да ја понудите цената на која се проценува одреден играч и после 24 часа автоматски ќе ви се прифати таа понуда.
- Во една недела се играат 2 кола (недела и четврток или сабота и среда) - не знам како ќе биде во нашата, не сум ја средил сеуште
- Куповите се играат понеделник (ако колата од лигата се сабота и среда) и вторник (ако првенствените утакмици се недела и четврток)
- Нормално играчите може да се повредат, може да папсат и слични глупости
Друго не ми текнува, Клипче нека ме надополни.