Емотивни сцени на Олимпико во Рим по вчерашниот меч меѓу Рома и Интер.. Трансфер бомбата која веќе беше најавена, вчера беше и официјално потврдена од двата клуба, па така, последниот меч за Рома го одигра Марко Ројс, кој беше испратен со огромен аплауз од навивачите на римската волчица. Тој преоѓа во вчерашниот противник на Рома, Интер, а фановите на овој клуб по вчерашниот меч му посакаа добредојде со песни и скандирања. Од екипата на Интер, пак, во главниот град пристигнува Лука Модрич, кој истотака беше во центарот на вниманието синоќа, откако беше дочекан со громогласни скандирања на трибините на Олимпико (не настапи поради повреда). Претходно, во екипата на Рома пристигнаа Криховијак и Миранда, а во спротивен правец замина Матуиди.